Вторник, 31 Март 2020    Печати
ВМРО-ДПМНЕ ќе достави свои мерки за спас на економијата

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш откако Владата ги презентираше пакетот на економски мерки за спас на економијата од последиците кои ги трпи поради пандемијата на корона вирусот, излезе на прес конференција со критики за мерките. -Ова не се мерки за поддршка на стопанството, ова се мерки за да се создаде привид дека некој работел, дека некој смислил мерки, порача Мицкоски.
 
Тој најави дека во следните денови ВМРО – ДПМНЕ ќе достави уредби до Владата со сила на закон за мерките коишто ги предлага да се отвори дебата на самата владина седница, за да може претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада да ги брани тие мерки. Тој ја поздрави одлуката на Владата за намалување на минималната плата на функционерите, но апелираше целосно да се пренаменат и парите кои се користеле за партиски вработувања, трошоците за репрезентации.

– Ние ги предлагаме следните мерки.

Да бидат покриени до 50 отсто од трошоците по основ на бруто плата, за што ќе доставиме методологија, за месеците март, април, мај и јуни.

Втората мерка е веднаш да се интервенира во вториот задполжителен пензиски фонд и средставата од 10 милијарди денари предвидени за оваа година, да бидат веднаш пренсочени во единствениот државен задолжителен пензиски фонд.

Бараме итен состанок на премериот, вицепремиерот за економски прашања, министерот за финансии, највисоки претставници на банките и гувернерот на Народната банка на којшто ќе се разговара за мек трнасфер на средствата од благајнички запсии во државни хартии од вредност за да може Народната банка да ја намали најпрвин каматната стапка од 1,75 на 1,5, за да станат помалку атрактивни и на сметка на тоа да бидат запишувани хартиите од вредност преку министерството за финансии кои можат да бидат насочени кон поддршка на бизнисот, буџетот и на граѓаните“, се дел од мерките кои ги предлага Мицкоски.

Тој порача дека ниту техничкиот премиер, ниту лидерот на СДСМ не кажале дека субвенциите кои ги предлагаат за компаниите од 14.500 денари по рабтник, ќе зависат од ефективните работни часа на работниците.

-Она што исто така нема да го слушнете во пресот на Зоран Заев и Оливер Спасовски е следната реченица, а тоа е дека субвенцијата најмногу изнесува 14.500 денари месечно по работник, сразмерно на остварените ефективни часови поминати на работа. Што подразбира ефективен час поминат на работа? Неделно тоа се 40 часа, дневно се 8, а месечно 160 часа. Имајќи предвид дека вонредната состојба ќе трае до средината на месец април, а најверојатно како што стојат за жал работите ќе биде продолжено уште за еден месец. Тоа значи дека вработените ќе имаат нула ефективни работни часови во месец април. Или тоа ќе значи дека компаниите за кои што работат овие вработени со нула ефективни работни часови во месец април ќе не можат воопшто да ја користат оваа поддршка од 14.500 денари, рече Мицкоски.