Недела, 05 Април 2020    Печати
На човека да му се згади од гадосите што ги прави оваа криминално-рекетаска власт

sjooo-960x526Наместо пари за стопанството и за борба против пандемијата со корона, има пари само за клиентелата на СДСМ во поранешното СЈО.

На денот кога излегоа и велеа ќе ве спасиме од кризата, а видовме дека ништо не направија, на владина седница донеле уредба за пренамена на средства, за да им се исплатат на јавно-обвинителските службеници, истражители и други вработени од поранешното СЈО пари од буџетот на јавното обвинителство за тековни, трошоци, заостанати плати и заостанати тековни трошоци.

Нема пари за награда за докторите, но има за СЈО. Нема пари за маски, но има за СЈО.
Баснословна сума и баснословни пари за братучедите, роднините, тетките и стриковците на функционерите на СДСМ згрижени во СЈО.

На човека да му се згади од гадосите што ги прави оваа криминално-рекетаска власт.

И во продолжение мало потсетување кој се работеше во СЈО.

https://www.dosie.mk/…/koj-e-koj-vo-sjo-del-od-listata-vra…/
(превземено од порталот Досие)

-Вработена во СЈО е девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева.
-Вработен беше и синот на врховната судијка Лидија Неделкова, Давид Неделков.
-Ќерката на членот на Советот на јавни обвинители Коле Штериов, Теа Штериова.
-Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, Марија Василевска.
-Ефтимија и Љупчо Чучурски, први братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски.
-Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.
-Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова си го вработила своето кумашинче, кое случајно е и син на Игор Милев, блзиок соработник на Зоран Заев и член на ДИК по предлог од СДСМ од Радовиш.
-Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска беше обвинител во СЈО.
-Владимир Миладиновски, внук на истата обвинителката Елизабета Јосифовска.
-Петре Бошков вработен во СЈО како зет за прва братучетка на министерката Рената Десковска.
-Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.
-Синот на обвинителката Мира Ангелеска од Кичево, Стојан Ангелески.
-Близок роднина на Ахмед Рушити, судија во Апелација од Гостивар, Вулнет Рушити.
-Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ и ќерка на поранешен претседател на судот во Штип, Миланчо Рамбабов.
-Синот на судијата Лазар Ризов од Неготино.
-Ќерката на Борис Тунџев директор на Катастар, Катерина Тунџева.
-Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.
-Членот на СДСМ Борче Боки Трајковски, лице осудено за измама кое издржало една година затвор.

Игор Јанушев