Недела, 05 Април 2020    Печати
Системот во Република Македонија колабира

Срамно е да се излезе на прес конференција и да се тера гол популизам на грб на граѓаните

Реакција на прес конференцијата на Дарко Каевски

Системот во Република Македонија колабира. Секојдневно се зголемува бројот на инфицирани и починати.

Медицинскиот персонал се повеќе се заразува од корона вирусот бидејќи работи без опрема која треба да го заштити, a танчерот Зоран Заев и неговите мегафони секојдневно се фалат како блескаaт.

Денес на танцот на Зоран Заев му се придружи и Дарко Каевски.

Срамно е да се излезе на прес конференција и да се тера гол популизам на грб на граѓаните.

Мерките на Владата се неиздржани и нереални.

Додека граѓаните се соочени со пандемијата и економската криза, Владата дели пари на СЈО.

Квази мерките кои ги предлагаат не се доволни и не се никаква помош за граѓаните на Република Македонија. Цели сектори остануваат надвор од опсегот на мерките и нема да можат да аплицираат за помош.

Бараме итно да се прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ, субвенционирање ма 50% од платите на работниците и придонесите за истите. Дополнително пренасочување на средствата од вториот пензиски столб, што значително ќе ја пополни буџетската дупка.

Граѓаните не смее да страдаат заради економската неписменост на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ