Понеделник, 06 Април 2020    PDF Печати Е-пошта
Денеска пристигнува Унгарскиот министер за надворешни работи и голем пријател на Македонија, Петер Сијарто заедно со пакети помош

Hristijan MickoskiХристијан Мицкоски

Загрижувачката состојба со корона вирусот не може да остави рамнодушен никого. Токму затоа сметам дека потребно е да се покаже хуманост и да се дејствува, секој во рамките на своите можности и средствата со кои располага. Времето поминато во политиканство и ниски страсти значи пропуштено време да се дејствува и вистински да се помогне. Затоа решив да помогнеме од позиција на опозиција со сите наши сили и онолку колку дозволуваат условите.

Сакам да испратам посебна благодарност до унгарската влада која во овие тешки моменти за сите, одвои средства и испрати помош за македонските граѓани.

Денеска пристигнува Унгарскиот министер за надворешни работи и голем пријател на Македонија, Петер Сијарто заедно со пакети помош составена од маски и медицински заштитни одела за луѓето во првата линија во борба против пандемијата.

Благодарност до премиерот Виктор Орбан и до целата влада од која минатата недела побарав, а денес испорача помош значајна за нашите луѓе кои се борат да спасат животи.

Воедно благодарност што во услови на затворени граници, ова ќе биде прва официјална посета на земја членка на ЕУ во овие кризни времиња. Пријателите се познаваат во тешките моменти. Истовремено ќе продолжам да лобирам, остварувам контакти и во рамките на можностите да барам помош за нашата земја.

Благодарност и до вистинските херои кои се борат на дневна основа за нашето заедничко здравје. Сакам да соопштам дека многу брзо ќе поднесеме и уредба до владата за парична награда за оние кои се вклучени во заштитата на здравјето и борбата против короната.

Потребна е поддршка и заедничка грижа за хероите. Се надевам дека целата влада ќе ја поддржат иницијативата, но уште поважно, така заеднички ќе испратиме благодарност до оние кои се вложуваат себе си, за сите нас!

 

На прво место

News image

Од моментот кога Заев и Караџовски прогласија победа над короната бројот на заразени се триплираше

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.