Понеделник, 06 Април 2020    Печати
МАКЕДОНИЈА ИМА ПРИЈАТЕЛИ!

92174814 2252294645077559 5867322932933427200 o

Владо Мисајловски: МАКЕДОНИЈА ИМА ПРИЈАТЕЛИ!

Денеска пристигна и помошта од пријателската Унгарија, предводена лично од министерот за надворешни работи на Унгарија г-дин Питер Сијарто.

Виктор Орбан и владата на Унгарија се силен поддржувач на Република Македонија, како ретко кој во историјата на нашата држава.

Вреди да се напомене за во историјата да биде запишано дека Македонија во овие тешки времиња го добива својот можеби историски најсилен поддржувач, а тоа е Унгарија која воедно е и земја членка на ЕУ.

Република Македонија добива 100.000 маски и 5.000 заштитни скафандери кои се наменети првенствено за сите херои во првите редови на борбата против корона вирусот.
Да се обединиме околу идејата дека ова е еден од начините за да и помогнеме на нашата држава.

Голема благодарност до премиерот на Унгарија г-дин Виктор Орбан и на целата влада, на граѓаните на Унгарија за помошта кон пријателска Македонија.