Вторник, 07 Април 2020    PDF Печати Е-пошта
Здравствените работници ризикуваат животи без соодветна опрема

Здравствените работници ризикуваат животи без соодветна опрема, а приоритет на Заев е да печати нови пари со придавката која не беше прифатена на референдум

Државата е пред колапс, а десетици човечки животи згаснуваат затоа што системот не успева да им пружи заштита на граѓаните. Здравствените работници секој ден се жртвуваат, ризикувајќи ги и сопствените животи без соодветна опрема, а приоритет на владата на Зоран Заев е да печати нови пари со придавката која не беше прифатена на референдум. Бизнисите се затвараат, работници остануваат на улица, а приоритет на владата на Заев е да обезбеди екстра пари за роднините и партиските послушници во СЈО кои го помагаа и премолчуваа рекетот.

Состојбата со епидемијата со Ковид19 зазема алармантни размери. Власта на Заев наместо да танцува со епидемијата мора веднаш да се освести и да почне да превзема одговорни чекори. Граѓаните, здравството и економијата немаат апсолутно никаква корист од ваквите одлуки на владата. Секој ден бројот на заразени рапидно расте, а се зголемува и бројот на починати. Секој денар треба да се алоцира во справување со епидемијата, а особено со последиците кои следат, бидејќи секој живот е важен и секое работно место е важно.

Жалиме што Венко Филипче се претвори во статистичар кој јавно само презентира црни бројки. Тој треба да се зафати со работа и да го организира здравствениот систем. Се повеќе се заразуваат здравствени работници кои се најнеопходни во борбата, бидејќи тие се на првата линија кои се грижат за нашето здравје.

Треба да се организира државата и да ги заштити вработените во здравството, да се набават медицинска опрема и материјали, да се подготват објекти кои ќе бидат алтернатива за болниците и најважно од се да се почне со масовно тестирање, според препораките на СЗО, затоа што на тој начин ќе се превенира лицата кои ќе се открие дека се носители на вирусот да го ограничат дополнително своето движење и на тој начин ширење на вирусот.

Дополнително  да се побара хуманитарна помош од нашите меѓународни пријатели и час поскоро да почне да организира набавка на здравствени материјали, како ракавици, маски и скафандери за граѓаните и здравствените работници. Чекорот на нашите пријателски земји Унгарија и Словенија и нивните донации не смее да престане. Секој од нас треба да ги искористи контактите и ваквата помош треба да доаѓа од секоја страна која е во можност да помогне.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Од моментот кога Заев и Караџовски прогласија победа над короната бројот на заразени се триплираше

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.