Вторник, 19 Мај 2020    PDF Печати Е-пошта
Чулев ја демантира Шекеринска: Ако толку е загрижена за припадниците на МВР и АРМ зошто не иницираше бонус плати за нив?

Чулев ја демантира Шекеринска: Ако толку е загрижена за припадниците на МВР и АРМ зошто не иницираше бонус плати за нив?

Во однос на изјавата на вицепремиерката Радмила Шекеринска, за тоа дека четири полициски службеници се заразени од COVID19, на денот на одбележување на Денот на полицијата, министерот Наќе Чулев ја информира јавноста дека истата преставува груба дезинформација и пласирање на лаги и невистини во јавноста.

Реакцијата на Чулев ја пренесуваме во продолжение:

Ваквите неумесни и паушални изјави најпрво фрлаат сенка на работата на Министерството за внатрешни работи, а потоа и на професионалноста и одговорноста на полициските службеници кои целиот изминат период успешно се борат против ширењето на пандемијата во нашата држава.

Факт е дека ваквото одбележување на која дадовме почит и признание на полициските полициските службеници од првиот ден е „трн во око“ на г-ѓата Шекеринска, а со денешните неточни изјави уште еднаш се потврди тоа.

Вистината е една, а тоа дека настанот за одбележување на Денот на полицијата се случи пред 12 дена. На истиот присуствувале половина од припадниците на Единицата за брзо распоредување и вежбата која беше изведена е дел од секојдневните задачи и обврски на оваа единица. На самата вежба полициските службеници, односно припадниците на ЕБР на себе носеа потребна заштитна опрема и ја почитуваа пропишана дистанца за целосна превенција и заштита од коронавирусот.

Воедно напоменувам дека Министерството за внатрешни работи беше првата институција која набави опрема за своите припадници и која до денес е ставена на нивно целосно располагање. Здравјето и животот на вработените во МВР е најважен приоритет за мене како Министер за внатрешни работи.

Дополнително, на крајот ќе ја прашам мојата колешка во Владата ако толку многу е загрижена за припадниците на полицијата и армијата, како втор човек во Владата зошто до сега не иницира бонус плата за припадниците на МВР и АРМ кои се во првите редови во справувањето со коронавируот? Или пак таа загриженост е видлива само кога е во интерес на исполнување на дневнополитичките цели и агенди на владејачката партија.  Навистина е грубо и некоректно, политичките поени или сопствениот ПР да се гради со груби невистини поврзани со здравјето и животот на полициските службеници.

https://vesti.mk/read/article/https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2Fchulev-ja-demantira-shekerinska-ako-tolku-e-zagrizena-za-pripadnicite-na-mvr-i-arm-zoshto-ne-inicirashe-bonus-plati-za-niv%2F

 

На прво место

News image

Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа

Тормозењето на граѓаните не значи дека СДСМ има стратегија и мерки против епидемијата. Македониј...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.