Петок, 22 Мај 2020    PDF Печати Е-пошта
Николоски: Врвот на партија е следен физички и телефонски од страна на параполициски структури

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес имаше интервју за вестите на ТВ Алфа каде што посочи Македонија се соочува со тотално фијаско со справување со корона вирусот.

Според Николоски причината за лошата состојба во државата е тоа што Заев и Владата на СДСМ со корона вирусот решија да се справуваат политички, а не стручно. Показател за нестручното во справување со кризата посочи дека се бројките на заболени и фактот што во Македонија смртноста од вирусот е највисока во регионот.

„За жал Македонија се соочува со целосно тотално фијаско во однос на справувањето со корона вирусот и тоа е така затоа што власта Зоран Заев и неговата екипа решија со корона вирусот да се справуваат политички, а не стручно. Само една споредба на 17 март кога се прогласи вонредната состојба во Македонија заради корона вирусот и нели сите донесовме одлука дека треба да се одложат закажаните избори за 12 април, тој ден имало регистрирано 36 новозаболени. Вчера имаше регистрирано 40 новозаболени. Значи на 17 март 36 новозаболени, вчера 40 новозаболени што покажува дека во целиот овој период од 2 ипол месеци наместо ситуацијата да се подобрува, ситуацијата се влошува. 2 ипол месеци подоцна имаме повеќе заболени отколку на почетокот на вонредната состојба, што покажува едно тотално фијаско. Ако ги видите сите други држави бројките се едноцифрени, дури и во многу поголеми држави од Македонија, на пример Хрватска има по еден или два дневно што нема споредба со ова што се случува во Македонија. А по број на мртви Македонија за жал е на неславниот врв и има најголем број на мртви на милион жители, што само кажува со какво фијаско се соочуваме. Дополнително на тоа имаме недоволен број на тестови, затоа што мислам ако повеќе се тестира бројките ќе се многу, многу повисоки од ова што е сега, што покажува со каква неспособна власт имаме работа и со какво здравствено фијаско се соочуваме. Тоа е така затоа што мислат само како помалку да изгубат на изборите па покрај тоа што не следат решаваат и да манипулираат со луѓето и да направат избори во време на една ваква пандемија“, нагласи Николоски.

Николоски во гостувањето во вестите во Алфа истакна дека врвот на партија е следен физички и телефонски.

„Веќе подолг временски период имаме сомнеж, а и информации од луѓе кои и мислат добро на демократијата во државата би рекол свиркачи од ражни институции кои што доставуваат информации до нас дека највисокот раководство на партијата, врвот на ВМРО-ДПМНЕ е под постојан надзор и тоа физички надзор, како и телефонски и коумникациски надзор“, појасни Николоски.

Николоски посочи дека тоа е недеморатски и незаконски и изрази сериозен сомнеж дека тоа го прават параполициски структури што е целосно нелегално. Овие параполициски структури според него се контролирани од политички, а не од страна на безбедносен центар.

 

На прво место

News image

Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа

Тормозењето на граѓаните не значи дека СДСМ има стратегија и мерки против епидемијата. Македониј...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.