Петок, 29 Мај 2020    PDF Печати Е-пошта
Слоганот ви е "нова нормалност", а таа денес е 52 новозаболени и 5 починати

Hristijan Mickoski

Христијам Мицкоски, Претседател ва ВМРО-ДПМНЕ

Навистина жалам што трагедијата и фијаското што се случува со ширењето на заразата Зоран Заев ја сведува на обична дневнополитичка пресметка, во ситуација кога дневно се заболуваат над 50 луѓе, а бројката на починати расте.

Но, сепак да одговорам:
Мерките против корона кризата се укинаа по препорака на Комисијата за заразни болести водена од политичарот Караџовски, а одлуката е донесена од владата на Заев и Спасовски. Мнозинството во таа влада е на Зоран Заев и СДСМ.
Тие сакаат да претстават дека јас и ВМРО-ДПМНЕ сме власт само за да се амнестираат од сопствената одговорност за погрешните одлуки и проценки.

Што се однесува до Наќе Чулев, господине Заев бидете свесен дека со нападот кон него напаѓате над 10 илјади припадници на МВР кои овие месеци го ризикуваа животот во обезбедувањето на редот и мирот. А Чулев е врвен професионалец кој работи согласно одлуки на Владата, спроведува закони и ги штити граѓаните. Вие треба да објасните зошто толку драматично го сменивте мислењето од 7 мај кога сакајќи да се додворите напишавте дека полицијата "покажа готовност, професионалност и пожртвуваност" .

Не го потценувајте народот, ваквото менување на реторика на 5 минути до 12 часот, претставува ново салто мортале на СДСМ. Добро знаеме што зборувавте вчера и колку само предупредував да не дојде до ова што го имаме денес.

Здравјето е загрозено затоа што глумевте нормализација и се боревте за потесен пораз. Сега треба да превземете одговорност и за последиците. Да ги вадиме ли пресовите кога велевте дека е под контрола работава?

Слоганот ви е "нова нормалност", а таа денес е 52 новозаболени и 5 починати.

1014

 

На прво место

News image

Мицкоски: На 15 јули сите заедно, единствени да им покажеме како се сака Македонија, и да ставиме крај на криминалот и р

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Делчево рече дека на 15 јули одлучуваме во какв...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГ...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.