Петок, 29 Мај 2020    PDF Печати Е-пошта
СЕКОЈ САКА ДА БИДЕ ПРЕМИЕР, НИКОЈ СЛУГА НА НАРОДОТ!

1sl1Пишува Слободан ТОМИЌ

Уметноста на војувањето е уметност на уништување на луѓето, а политиката е уметност на измамата. Слушајте го оној што ве предупредил за вашите недостатоци како да ви го открил најголемото богатство. Демократијата живее од спор меѓу две страни, од дискусија за да се најде вистинскиот пат. Затоа, почитувањето на мислењето на друг припаѓа на демократијата. Мислите на другите луѓе е лесно да се разберат со своја глава. Демократијата е процес што ни гарантира дека нема да се управуваме подобро отколку што заслужуваме.

Разликите што постојат треба да се признаат и без диктат едни на други.

Мислите на другите луѓе е лесно да се разберат кога имате своја глава. Нашите гревови нè воодушевуваат кога ги гледаме во други. Најголемата мерка за демократија не значи најголема мерка за слобода, ниту најголема мерка за еднаквост, туку најголема мерка за учество. Големиот човек поставува строги барања за себе, малиот ги поставува за другите. Демократијата е начин на управување и, пред сè, начин на живот. За создавање демократија, најважно е да се остави пепелта од минатото и да се сврти кон темелите на градење на иднината.

Демократијата не значи: Јас сум добра како тебе, туку: и ти си добар, како и јас! Оригиналноста е исто толку корисна за еден политичар, како дупка во глава. Слободата на говорот не му дава на никој право да вика во полн театар: “Оган!“ Слободата е секогаш слобода да размислуваме различно. Правдата ќе владее само кога оние што не се засегнати од тоа, се лути на неправдата исто колку и оние на кои е направено. Ако судите луѓе, немате време да ги сакате.

Најголем пријател на вистината е времето, неговиот најголем непријател се предрасудите, а постојан придружник е смирението. Не е политика само вештина да се лаже во вистинско време. Не мора да победам, но морам да бидам искрен. Не мора да успеам, но морам да бидам до светлината што ја поседувам.

Неуспехот е можност да се обидете помудро. Ако не можете да направите грешка, не можете да сторите ништо. Она од што потекнува зависи од генетиката - во што ќе се претвориш, политика.

Успехот не е тоа што го имате, туку тоа што сте. Планината ќе ја премести само оној што ги пресели камчињата на почетокот. Проблемот со политичарите е што тие зборуваат премногу, слушаат премногу малку и воопшто не мора да размислуваат!

Ако мора да кажете нешто грдо за некого, не кажувајте го тоа, туку напишете - во песок, на брегот, недалеку од брановите. Кој ја презема улогата на судија на вистината и знаењето, тоне под смеата на боговите. Тој што ја цитира Библијата не е автоматски светец. И ѓаволот често користи цитати од тоа. Слушајте го оној што ве предупреди за вашите недостатоци како да ви го открил најголемото богатство. Од време на време луѓето навистина сфаќаат дека не мора да живеат според она што им е кажано.

Глувите ќе ја доживеат истата битка во облаците како молња, а слепите како гром.

Признаваме дека имаме мали грешки, само за да ги убедиме другите дека немаме големи. Имаме недостатоци на другите луѓе пред очите, нашите се зад нас. Нашите гревови нè воодушевуваат кога ги гледаме во други.

Да станеш човек е поубаво отколку да станеш крал, но дали политичарите никако да се соочат со фактот дека пред се се слуги на народот, живеат, опстојуваат и постојат од народот. Да станеш човек е поубаво отколку да станеш крал, но како е да сте слуги на народот, а притоа да се потпишувате дека сте премиери?

Меѓу чесните луѓе, ветувањата се долгови, а меѓу политичарите - мамки. Мамки по мамки, народот паѓа се’ повеќе во пајаковите мрежи кои им ги плетат политичарите во Македонија на својот народ. Секоја изборна кампања, се’ по стари, тајфа по тајфа, групировки по групировки и си ги тријат дланките кој повеќе ќе се офајди од овој наречен рулет на среќата. Секој политичар вклучен во циркусот избори добива, по секоја цена дали ќе стане власт или опозиција.

Коцката кога ќе се фрли и кога судијата ќе прогласи трката започна, ете ти ги сите по својот плен. Наградата во глобала е линеарна, или иста за сите 120 победници, а тоа се удобните фотељи и тоа од германско потекло во вредност од 2000 евра, колку се и месечните заработувања на сите пратеници по основ на редовна плата и секако сите додатоци и премии, односно бонуси. Но, друга работа уште послатка е и наградата доколу се станува власт.

Власта е, пред се, сласт и секој се чуствува како нирвана, односно на седмо небо. Замислете си 4 години пратенички имунитет, никој ништо не ви може. И колку да му ја плукате мајката или фамлијата, или кое било зло дело до 5 години затвор. Второ, веднаш сите како клонирани по дефиниција или обнова на декорот, односно костимографијата или новопечените веднаш по костуми од бренд имиња и скапи аксесоари.

И тоа се повторува во оваа држава на брдовиот Балкан речиси три децении, од опинок право во скапи чевли Босс или Саламандер, како машки така и женски. Секоја чест на исклучоци. Но, читам и некои постови по социјалните мрежи, а меѓу нив во очи ми падна интересниот статус на проф.Силјановска со која другарувавме 2004 година, кога се боревме рамо до рамо заедно со професорката Биба Ванковска и претседателот на СМК Тодор Петров во контунуитет оставајќи го народот без сон, отварајќи им ги очите од хипнозата на тогашната влада на СДСМ околу прокетот “Територијална организација на локалната самоуправа на Македонија“ или народно кажано територијалната поделба на Македонија.

Да, тоа беа времињата кога граѓанската иницијатива на интелектуалците го крена гласот и рекоа СТОП на секаква распродажба и уништување на Македонија. Ме радува што со тие чекори кои ги изодевме заедно сите, јас како автор на “Гласот на народот“ и тие како граѓанска иницијатива секако и меѓународната невладина организациа СМК.

Политичарите не беа толку силни, бидејќи новата филозофија на интелектуалците се’ до 2004 или ставање на главата во песок замре. Но, не успеа во тоа оти пазарењата под маса си го покажаа своето и пропадна референдумот, но како и да е, никогаш нема да замрат иницијативите на народот, се’ додека имаме искрени и чесни лидери или организатори кои ќе ја водат Македонија кон зацртаните цели за нејзината иднина и перспектива, а тоа е ЕУ и секоја друга напредна и цивилизациска асоцијација каде ќе се почитува човековото достоинство, идентитет, јазик, култура и се’ што значи и се вика национално богатствот.

Ќе ја спомнам пораката на професорката Силјановскка која вели: Македонскиот национален идентитет е МАКЕДОНСКА РАБОТА и БИОГРАФИЈА. Автори на македонската национална приказна се нашите претци, а ние, како коавтори, имаме национална обврска да ја допишуваме. Соседите си имаат СВОИ НАЦИОНАЛНИ ПРИКАЗНИ, чии АВТОРИ и БИОГРАФИ се ТИЕ, САМИТЕ! Нивните амбиции за (ко)авторство на нашата национална историја не можеме да ги контролираме, но нашите ПОСТАПКИ - МОЖЕМЕ и МОРАМЕ! Ќе биде ли оваа генерација достојна на СВОИТЕ ПРЕТЦИ или ќе ги засрами и понижи, “БРИШЕЈЌИ ГИ“, себезастрамувајќи се, себепонижувајќи се и СЕБЕНЕГИРАЈЌИ СЕ?

Една од Обединетите Нации во рамките на ООН, БЕШЕ, Е, и ЌЕ ОСТАНЕ и МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА! ИЛУЗИЈА е, дека може да започнете преговори за ЕУ како ‘НИКОЈ’, за да станете ‘НЕКОЈ’! Да бидеме достојни Македонци и горди Европејци!“

Да, предизвик е во колумната да го поставам овој статус кој треба да претсавува и протокол или факел кој треба да го осветли патот на секој иден политичар.

Што имаме денес, сите трчаат по престижот да се стане премиер, ама секој до еден, или да е лидер на најголема партија или да е лидер на пајтон партија, никој од нив не сака да биде слуга на народот!

Тука имаме и случај за првпат и такви политичари или лидери на партија кои не се борат во трката наречена избори, како носители на листи, туку имаме шпицен кандидат, тоа е случајот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Христијан Мицкоски.

Во сите 30 години, така наречена плурална демократија во Македонија, немаме Д од демократија, а тоа е да се слушне и почитува во вистинска смисла на зборот Гласот на народот. Секој ќе го искористи за свои и бедни интерсеси злоставувајќи го и дероригирајќи го неговото значење. Кој е виновен, секако не политичарите, туку неговото восочество гласачот и избрачот.

И сега, кога низ целиот свет немилосрдно убива и уништува се’ пред себе невидливиот непријател на планетата Ковид-19, во Македонија, немилосрдните и жедни за власт, сласт, криминал, корупција, рекет и се’ што значи најлошо, го стават во опасност народот организирајќи избори, небаре ги кани на годишни одмори, не во време на пандемија на корона вирус, туку во нормални услови, на некои монденски плажи и забави и убави мигови на уживања, а не ставајќи ги директно на опасност и нивното самоуништување.

Да, тука јасно и гласно се гледа по кој пат ќе повториме користејќи ги како глинени голуби или топовско месо против Ковид-19. Да биде перверазијата посочна, од народот и натаму бараат власт, без око да им трепне.

Да се биде или не, прашање е сега, ова Шексипирова дилема станува се’ поактуелна, таа пуста желба за превласт никако да им го смени курсот на однесување и покрај тоа што актуелната власт предводена од СДСМ и натаму инсистира на избори и покрај секојдневното зголемување на заразени од Ковид-19 како и зголемување на смртноста, кое резултира речиси 100 на еден милион што Македонија ја држи на прво место. Оваа информација никако да му го отрезни мозочето на Зоран Заев и неговата тајфа.

Од друга страна актуелниот министер за здравство кој дефинитивно се вивна на највисоката точка од рејтинг листата на СДСМ, што веднаш ја запали сијаличката за аларм во таборот на Бихачка што на Венко, со најголема дрскост ни најмалку не му возвратија со благодарам, а тоа се виде и од највисоката кота од стратосферата, оценува народот.

Секако, познавачите на трофеи и на риболов велат дека Заев и неговата тајфа сака што е можно побрзо на избори и на “брзи“ корона избори за лов на матно или капиталец, кој треба заедно со неговите братја од колаицијата машала ги собра сите албански камарати да заедно го извлечат тој посакуват плен, а тоа е ВМРО- ДПМНЕ го стават повторно во опозиција во наредните 4 години, а заборавајќи ги годините 2016, кога исто така во времето на бомбашките процеси и Големото уво никако не сакаше да се соочи со изборните датуми, очекувајќи ја целосно поддршката од Калето како што оценуваат аналитичарите?!

Но, тука е едно симптоматно, а тоа е дали СДСМ се уплаши од катастрофалниот пораз ако дефинитивно изборите пропаднат, односно не се одржат или не успеат, а со тоа избледне “наметнатиот“ рејтинг од купените гласови како што напаѓа опозицијата, како и последната порака на првиот човек на амбасадата на САД Б’рнс, со изјавата изборите треба да се одржат кога ќе постајат услови, а тоа подразбира да не задираат по животот на народот, или дефинитивно, лошата економска слика која ја предвидува и Светската банка и ММФ за Македонија како резултанта на Ковид-19.

Дали Заев и неговата тајфа ќе се отрезнат и од изјавите на нивните камарати и поранешни директори на ФЗОМ како што е Пановски кој јасно вели: ЈАСНО Е ДЕКА СПРЕМААТ ТЕРЕН ЗА ИЗБОРИ. Но, тоа не е решение кога имаме големи бројки на зapaзени и пoчинати.

Од друга срана Ген-секот на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев со став: СДСМ роковите за избори ги вади од ракав, избори спpoтивно на закон и на грбот на здравјето и животот на граѓаните не е опција!

И за финале:  Сакаме да бидеме дел на Европа, а сеуште сме со примитивни амбисии,и тоа како да го искористиме избирачот до даска, и тоа во време на пандемија наместо да се грижиме за неговото здравје,и економија, политичарите на СДСМ на чело со премиерот ја задолжува Македонија, со најскапа Еврообврзница, од 700 милиони Евра, на 6 години  и тоа со камата од 160 милиони евра или се на се 860 милиони Евра, кои треба да ги вратат генерациите и политичарите кои ќе дојдат по изборите.

Оваа е еден насилен или присила  организирање избори да се одржат во време кога невидливиот непријател Ковид-19 коси животи на македонски граѓани.

Да потсетам денеска НАТО, не облета со своите 6 воени авиони, за кој јас ги поздравувам,но едновремено да ги потсетаме премиерот Заев и неговата тајфа, Димитров ,Шекеринска,  дека Македонија како мала економија и држава и партнер на Алијансата има голема потреба од помош на економски план ,заедно со Европската унија, кои на нај убав и најветувачки тон рекоа ние сме тука за вас, сменете го името ,потпишете го Преспанскиот и се ќе биде оценува народот! Од друга страна, Србија, која не го смени името на државата, не е членка на НАТО, доби 75 милиони евра плус, до крајот на годината уште 80 милиони Евра неповратна, помош.

Ќе повторам Србија, не е членка на НАТО, ниту го призна Косово, ниту го смени името на државата. Што добивме од сето тоа? Црна дупка во економијата , стопанството, и оптоварување на животниот стандард на народот,кој воопшто не е виновен за Корона вирусот и штетите кои му го нанесува на секој план, а политичарите на СДСМ и коалицијата се обврзани на еден ,,нормален,, начин ја донесат таа НОРМАЛНОСТ, а не да стравуват граѓаните  што ќе имаат на маса  за ручек, или како ќе ги измират  месечните побарувања за инфраструктура во домаќинството.

Да потсетам Французите имаат една силна порака која покажува и докажува колку им значат избирачите поклонувајќи им се, притоа истото го покажуваат и на своите миленици  и велат: “  Moi chien d aboard,moi apres"…"Моето кученце па јас" ,влегувајќи во својот дом..Пораката е силна и со наравоучение.Нам ни преостанува да порачаме:

„До кога политичарите ќе го научат и практикуваат основното начело

и рецепт за посакуван политичар и партија, а тоа е да не се занесуваат и

посакуваат по секоја цена да станат премиери и власт, туку да бидат слуги на

народот?“

 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГ...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.