Понеделник, 01 Јуни 2020    Печати
Бобан Нонковиќ: БАНДАТА НА СДС УКРАДЕ 44 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗДАДЕНАТА ЕВРООБВРЗНИЦА

1bb1Бобан Нонковиќ

Дека Зоран Заев и неговата бандитска тајфа од криминалното дувло наречено СДС се кинисани да ја распарчуваат Македонштината и сѐ што е (пре)останато македонско е одамна јасно. Но, нивна цел е сега последниот столб на кој сѐ уште опстојува македонската држава, а тоа е економијата и кога ќе успејат да доразграбат и она што со заеми е останато во државната каса, потоа лесно да може било-кој да го згасне светлото на македонската држава.

Па, така, деновиве е актуелна државната еврообврзница од 700 милиони евра на Заев и неговите разбојници, на која оваа разбојничка банда, според информациите од лонфонски "Сити", успеале да направат аванта од 44 милиони евра!

Според инсајдер од берзата во Лондон, обврзниците во моментов се тргуваат на 3.05 проценти камата, додека на денот на продажба на македонската обврзница, каматата била 2.9 отсто. Тоа значи дека Заев и неговата министерка за финансии Нина Групер, преплатиле 1.05 проценти повеќе камата од реалниот пазар.
Преведено во пари, точно 44,1 милиони евра повеќе ги чинела оваа еврообврзница македонските граѓани, пари кои е јасно дека завршиле како "рушвет" и добредојден кеш за кланот Заеви и криминално-предавничкото дувло СДС во предизборниот период во Македонија.

Според објавата на македонската окупаторска власт, каматата на еврообврзницата била 3.675 проценти на 700-те милиони евра или скоро 155 милиони евра плус на основната сума што во рок од седум години ќе треба да ги враќаат македонските граѓани. Тоа значи дека при самото издавање на еврообврзбицата, каматата не би требало да биде не повеќе од 3.685 отсто.
Но, банките имаат направено сериозен "престап" во процедурата, поготово што дента кога ја објавиле, тие немале купец за обврзницата на 3.64 проценти камата. Па, наместо истата да ја објават следниот ден повторно, тие ја прифатиле единствената понуда за камата од 3.95 отсто.
Оваа хаварија е настаната, меѓудругото и заради тоа што материјалот користен за промоција на обврзницата бил на ниво на афричките држави.

Според експертите од лондонската берза, во однос на македонската обврзница од 700 милиони евра, се работело или за краен аматеризам на министерката за финансии и ангажираните брокери или за договорена берзанска игра во која сите инволвирани страни намерно договориле штета од 44 милиони евра (во разликата на каматата), сума што од џебот на македонските граѓани заминува кај Заев/СДС и брокерите што им ја завршиле работата.

Штетата е реална и изнесува 44 милиони евра и за тоа треба некој да одговара, поготово што информациите и експертизите од "Сити Лондон" стојат на располагање на некои идни власти што би покренале истрага за оваа нова пљачка на народните пари на македонските граѓани.

Според инсајдерите од лондонската берза, дури и обичен почетник за берзанска трговија само треба да извади билтен од денот на самата трговија со еврообврзницата од Македонија, посебно што не е познат пример за толкава голелма разлика во цената од точно 1.05 проценти!