Вторник, 02 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Сите балкански земји вкупно имаа 45 заболени, а Македонија имаше 89!

2a

Сите балкански земји вкупно имаа 45 заболени, а Македонија имаше 89! Власта мора да преземе одговорност за катаклизмата

Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија, Словенија, БиХ, Србија и Црна Гора заедно имаат двојно помалку заразени со корона вирусот од Македонија.

Ова е капитулација на системот и негрижа за животот и здравјето на сопствените граѓани.

Новата нормалност на Зоран Заев и СДСМ се 89 заразени и 7 починати лица во последното деноноќие. Тој биланс од црниот понеделник е резултат на неспособноста на власта на Заев и политичкиот диктат што го прави на здравствените власти.

Во Македонија има вкупно 2315 заразени и со тоа сме на врвот по заразени во регионот на милион жители. Во Македонија има 140 починати и сме убедлив црн рекордер во целиот регион по жртви од корона вирусот на еден милион жители.

И покрај ваквите бројки Заев и СДСМ наместо да размислуваат за здравјето и животите на граѓаните, тие тераат кампања и зборуваат за датуми на избори.

Јасна е причината сакаат избори со премала излезност за нивниот пораз да не биде толку убедлив. Во Услови кога половина СДСМ и Влада се во самоизолација, тие ја убедуваат јавноста во нивните партиски флаери дека ја победиле корона епидемијата. Тоа покажува колку се тотално одлепени од реалноста. Ним здравјето и животите на граѓаните не им се приоритет, приоритет им е како да ја спасат политичката кариера на Зоран Заев.

СДСМ со своето неодговорно однесување, водење на кампањи, делење манипулативни флаери и пакети со поткуп на граѓани нема да се спасат од пораз, но ризикуваат да ја прошират епидемијата и да заразат други граѓани. СДСМ почнува да станува нов , најопасен кластер од корона вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние бараме Македонија прво да ги насочи сите свои капацитети во справување со епидемијата, а потоа да следат избори на кои Заев и неговата власт ќе бидат казнети од народот. Трите години власт на СДСМ и Заев донесоа хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија и тоа народот ќе  знае да го казни соодветно.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГ...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.