Среда, 03 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски: Дурловски е величина и за Заев и за советникот на Заев

Hristijan MickoskiХристијан Мицкоски

Советникот на Заев во манири на градски силеџија го нападнал Дурловски. И таквиот чин не е ништо друго туку последица на нервоза кај власта и голема слабост кај оние кои секој ден не убедуваат дека имаме нова нормалност и мислат дека тоа би имало некаков ефект. Наместо да спасуваат животи, тие се занимаваат со силеџиство. Нема да им помогнат вакви реакции туку само ќе не мотивираат, борбата против ова зло да продолжи и да се истрае до крај!

Дурловски е величина и за Заев и за советникот на Заев. Ова што денес се случи е одраз не само на искривениот систем на вредности во кој силеџии се советници на премиер, туку и на една брутална реалност во која се притиска и прети на секој што размислува различно од оваа власт која распродаде се што е вредно и продолжува со распродажба. На едната страна е Игор Дурловски кој не им се даде кога многу други потклекнаа, и покрај сите притисоци кои ги имаше, а од друга е Заев со ваквите другарчиња советничиња и нивниот систем на вредности.
Има разлика!

Сакам да им порачам на сите што мислат дека вака ќе тераат, и на носителката на ИЕ 5, чиј политички противник е Дурловски, која веќе 20 години е во политика, а најмногу на нивните шефови Зоран и Вице Заеви - Македонија ќе ве победи.

Дурловски неправедно обвинет издржа прогон, а сите ние не само што ќе ве издржиме сите Вас, туку заедно со народот силно ќе ве победиме.
Македонија не заборава!

 

На прво место

News image

Мицкоски: Македонците се чувствуваат обесправени и граѓани од втор ред во општините каде што не се мнозинство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 степе...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите ...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (27)

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НА АРГОНАУТИТЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.