Четврток, 04 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Јанушев: Граѓаните се во паника, а тие повторно зборуваат за избори!

Јанушев: Граѓаните се во паника, а Заев зборува за избори

101 заболен и 4 жртви од Корона вирусот само вчера. Тоа е тажниот биланс што никого не остави рамнодушен. Секако, освен функционерите од владата на СДСМ.

Паниката која владее на “Илинденска” е толку очигледна, а решенија за овој хаос нема, буквално, ни за лек. Граѓаните се во паника, а тие повторно зборуваат за избори! Наместо ситуацијата да се смирува, напротив, се случува нов бран на заболени, а Филипче освен безобразно да кажува дека ситуацијата е под контрола, ништо друго не знае и не може да направи.

Правеа се за да создадат атмосфера за избори, упорно сакаа да ја релаксираат ситуацијата и мислеа дека тоа глатко ќе им помине. Но, резултатот го гледаме. Повторно огромен број на заболени, повторно строги мерки за празничниот викенд.

Зошто граѓаните мора да ја плаќаат цената за вашата неспособност? Зошто еднаш не признаете дека не ве бидува кога тоа цел свет го гледа и говори? Зошто ги лажете граѓаните дека се е под контрола, кога реално ништо не е така.
Филипче, од тебе бараме одговорност за овој хаос!
Одважете се пред граѓаните, признајте дека многу погрешите.

Кога ние од опозицијата зборувавме, дававме предлози, вие нѐ обвинувавте за фаќање политички поени во време на криза.
Кажете ги реалните бројки на заболени, кажете ја вистината, затоа што целиот народ го очекува тоа од вас. Не е време за калкулации и политикантство, животи се во прашање!

Апелирам на смиреност меѓу народот и надеж дека се ќе биде добро наскоро, затоа што само тоа и ни остана, да се надеваме. Одамна не веруваме на вашите ветувања и уверувања. Народот е мудар и со него нема играчка.
Македонија пребродила многу потешкотии, ќе ве преброди и вас!

Фејсбук статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

 
 

На прво место

News image

Мицкоски: Македонците се чувствуваат обесправени и граѓани од втор ред во општините каде што не се мнозинство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 степе...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите ...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (27)

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НА АРГОНАУТИТЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.