|
||||
БОМБИТЕ ГИ ДОНЕСЕ, СЈО ГИ ЗАНЕСЕ, КОРОНАТА ЌЕ ГИ ОДНЕСЕ! |
Пишува Слободан ТОМИЌ
Живееме во време невреме, кога Македонскиот народ е на една страна, а власта на другата. Затоа што актуелната техничка Влада, а претходно марионетската на Зоран Заев е производ на непринципиелна коалиција во 2017 година, со единствена цел прмена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!
Се вели, тој што си игра со оган, од оган ќе настрада! За жал, власта секогаш вината ја пренесува врз народот, како алиби за своите пропусти!
Сведоци бевме на злоупотребата на смртта на Мартин Нешковски. СДСМ создаде перцепција дека режимот на Груевски убива деца и врши терор врз народот. Таквата слика како и претходните манипулации, дека владата на Груевски ја суспендира парламентарната демократија порад “тепањето“ на пратениците, фрли лоша дамка врз владата на Груевски, за Македонија да биде ставена на листата на најтоталитарни држави на светот. Од друга страна, министерката за одбрана Шеќеринска деновиве ја гледаме пред терористичката ОВК. НАТО ја даде таа дефиниција за ОВК. Не го бранам Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија. Намерата е да потсетам, дека Македонија секогаш се става на работ на граѓанската војна, пред амбис за самоуништување.
Времето ги потврдува предупредувањата на Груевски за дестабилизација на државата. СДСМ “бегаше“ од тоталитарна власт, која ја замени со диктатура кога Заев состави Влада. И, не смее да се заборави, дека Македонија е единствена држава во светот без Парламент за време на вонредна состојба поради панедмијата со коронавирусот!
Ако денес, не дај Боже, некој ако ви ја земе мерката, ви нема спас, одите курбан. Посебно ако не одите по тактот по кој некој “од горе“ ви свири. Ве изеде ноќта.
По гласното НЕ за промена на името на државата и идентитетот на Македонскиот народ, се случија “Диво насеље“ во 2015. Иако речиси 80% од вкупниот број запишани избирачи на 8 септември гласаа “за суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки.
Бомбите со незаконски прислушкуваните разговори го изродија Специјалното јавно обвинителство со Катица Јанева, како надеж за ред во системот! За жал, тоа СЈО не донесе ред во државата, туку се претвори во институционален лов на опозицијата. Крајот не’ разочара сите, затоа што СЈО заврши како злосторничко здружение за рекетирање на поединци со злоупотреба на службената положба и дисциплинирање на пратениците, со цел Собранието да ги усвои измените на Уставот заради промена на името на државата и идентитетот на Македонскиот народ!
Катица Јанева заврши на обвинетелна клупа за аферата “рекет“. Во завршниот збор, истата таа Катица Јанева недвосмислено рече дека се менувале закони за да се изземе од кривична одговорност тогашниот рпемиер Зоран Заев! Како ќе заврши оваа траги-комедија, во контекст на стриптизот на Катица Јанева при распитот во Државниот завод за ревизија, јавноста очекува да види. Иако сите знаеме, дека кај има сила нема правда!
Ах таа пуста страст за власт, и сласт за моќ и пара!
Го читам Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, со оцена: Заев на се’ е подготвен, само да на власт да остане! Па, лебди прашањето, дали македонските политичари се наследници на фараони? Од друга страна, се присетив на изјавата на Зоран Заев, дека него Господ го црпнал од нивата да ја спаси Македонија! Човекот кажа и остана жив! Зарем се верува на ваков политичар? Како по обичај, верувам на секој кој изјавува дека е со чесни намери кон својата држава, но ведаш сето тоа паѓа во вода кога ќе видете како работи таа гордост за време на најголемета борба со невидливиот непријател Ковид 19, кој однесе стотина илјади животи низ планетава Земја, а милиони ги легна на болнички постели. Поради политизацијата на комисијата за заразни болести и несоодветни мерки, Македонија држи рекорд на Балканот, засега околу сто починати и преку 2.500 болни.
Иронијата да биде поголема, најголем кластер на Ковид 19 стана СДСМ: дечките наместо да се грижат за здравјето и животот на граѓаните, водат кампања, делат пакети со изминат рок, купуваат гласови меѓу Ромите и Албанците...
А, избори во време на пандемија е руски рулет. За жал, пиштолот не е вперен во слепоочницата на Зоран Заев, туку во Македонскиот народ.
И бидејќи секогаш крајот го краси делото, заклучокот: Бомбите ги донесоа, СЈО ги занесе, ама короната ќе ги однесе, се разбира, од власта до Идризово!
Впрочем, и Калето преку Брнс испрати порака до Зоран Заев: “Избори да има кога нема да постои опасност по животот и здравјето на луѓето!“ Ама, кој да слуша?!
Но, пристигна и аберот од Речица, и Али Ахмети, дека Македонија со овие избори и коалиција со СДСМ ќе го добие и првиот премиер..?! Ахмети, како пренесуваат медиумите на својот Facebook профил јасно ја најави својата изборна кампања...
Ако и ова, го дозволите, тогаш самите вие ќе си ја, погребете сопствената Македонија, оценуваат аналитичарите.
Тие додаваат кога Заев и неговата тајфа, немаа почит кон мртвите, и не дозволувајќи на, семејствата да одадат почит на денот на мртвите кој е еднаш во годината, дефинитивно, Заев за неговиот опстанок ќе го даде и премиерското место на Али, со гнев коментираат токму неопределените. Тие со порака:Бомбите ги донесе, СЈО, ги занесе, а Corona ќе ги однесе од власта.
Неизбежна е смената на Заев со Мицкоски, кога и да е! Кога ќе има услови, без опасност по животот и здравјето на луѓето оценува овој столб на електоратот од гого зависи исхотот на, изборите! |