Петок, 05 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Единствениот грев за кој е спроведен овој нарачан прогон на Митрополитот Агатангел Повардарски е неговиот македонизам

1b12Бобан Пановски

Вчера бевме сведоци на нарачан прогон за Митрополитот Агатангел Повардарски поради повик верниците да дојдат во дворовите на црквите и да го чествуваат еден од големите христијански празници Задушница. Очигледно некој несака или намерно незнае што е јавен простор и јавен собир, а што двор на црква. Секако дека граѓаните кои би се решиле да се одзват на повикот од Повардарската епархија би се заштитиле соодветно според препораките.

Доколку на некого му смета македонизмот на Митрополитот Агатангел Повардарски зошто не му смета неофашизмот на солунскиот Митрополит Антимос на кого секоја неделна литургија устата му е полна со клетви и воени закани кон Македонија и македонскиот народ. Дали за ова некој некогаш има реагирано. За жал да но тоа беше поранешниот грчки премиер Ципрас кој повика Антимос да се воздржи но секако само додека се ,,реши,, името Македонија на наша штета.

Единствениот грев за кој е спроведен овој нарачан прогон на Митрополитот Агатангел Повардарски е неговиот македонизам присутен во скоро секоја литургија. Тоа е главниот проблем и причина за овој нарачан прогон најавен вчера утрината, а експресно спроведен за неколку часа.

И уште еднаш ќе се повторам со вчерашниот статус:

Постапката против Митрополитот Агатангел Повардарски е беспредметна по две основи:

1. Според Законот за јавните собири во член 2 став 2 алинеа 1 е дефинирано дека: ..Не се смета за јавен собир во смисла на ставот 1 на овој член: - верски обреди што се одржуваат во простории наменети за верски цели..

2. Според член 18 став 6 од Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група ,,Никој не смее да ги попречува свештените лица и верските службеници од цркви, верски заедници и религиозни групи во Република Македонија во извршувањето на нивните верски активности во јавните верски објекти и таму каде што тоа е дозволено согласно со овој закон,,.

Досега Владата нема донесено Уредба со која се суспендираат овие два члена од цитираните закони. Очигледно надлежните власти не се искрени во грижата за здравјето на граѓаните и дека ваквите постапки служат за дневна занимација на истите. Да имаа сериозен пристап и кадарни луѓе немаше на ваков шверцерски и шалабајзерски начин да оцрнуваат личности за дневно политичка потреба.

 

На прво место

News image

Тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев ниту милиметар не се повлекувам

Од тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев, но и за останатите историски ликови, дека ти...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите ...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (27)

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НА АРГОНАУТИТЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.