Петок, 05 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Дали Македонската дипломатија е заложник на Тозија?

Дали Македонската дипломатија е заложник на Тозија?

Зошто три дена Владата и Министерството за надворешни работи молчат на прашања на медиумите за скандалот што го направи директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, кој на социјалните мрежи ја навредуваше хрватската влада, премиерот Пленковиќ, како и владејачката ХДЗ кои ги нарече „фашисти“ и клуб на криминалци.

Не треба да не зачудува не реагирањето на власта бидејќи како што знаеме Тозија со години важи за омилен „филмаџија“ на СДСМ.

Имено „Пресинг ТВ“ го праша Министерството за надворешни работи дали се оградуваат од ставовите на Тозија, дали ќе побараат негово разрешување и дали ќе и се извинат на Хрватска, но и на Словенија и Унгарија бидејќи во своите написи Тозија ги навреди и словенечкиот и унгарскиот премиер Јанша и Орбан, но одговор како што знаеме се уште нема, а нема да не зачуди и ако воопшто не се добие одговор.

Со однесувањето на Тозија, а и молкот на Владата и на МНР се покажува на какво ниво ни е дипломатијата водена од Димитров. Навистина е неразбирливо, да не се покаже воопшто никаква доблест барем да и се извинат на Хрватска, кога веќе не сакаат да го сменат државниот владин функционер Тозија. Наместо, да го зголемуваме бројот на пријателски земји, со ваквите потези на Владата и МНР, се стеснува кругот на земји односно ги губиме и оние кои ни даваат поддршка на нашата земја.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски пак беа нешто поконкретни и на прашањеto дали се оградуваат од говорот на Тозија oдговорија дека претседателот Пендаровски го осудува секој говор на омраза, поделби и наредби, независно дали се изречени од поединец или институција

„Претседателот Стево Пендаровски, го повторува својот познат и цврст став дека осудува секаков говор на омраза, поделби и навреди, независно од кој поединец или институција се изречени.Нагласуваме дека со Хрватска имаме традиционално добри односи и оваа држава е наш докажан партнер и пријател. Од Хрватска, која го има претседателството со ЕУ, имаме јасна и силна поддршка за патот кон Европската унијa. велат од Кабинетот на Пендаровски.

Хрватска за Македонија е една од најзначајните земји-соседи со кои имаме традиционално добри односи. Згора на тоа, Хрватска е актуелен претседавач со ЕУ и силно се залагаше Македонија да добие датум за почеток на преговорите. Наместо благодарам, од владин човек добија само куп навреди и омаловажувања.

Освен молкот на Владата и МНР, дали ќе поднесе оставка, молчи и Тозија. Иако одредени медими напишаа дека по скандалот тој ќе си поднесе оставка, во гостување на една интернет тв, наместо одговор тој ги нападна медиумите кои известувале за неговите потези.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/dali-makedonskata-diplomatija-e-zaloznik-na-tozija/

 

На прво место

News image

Тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев ниту милиметар не се повлекувам

Од тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев, но и за останатите историски ликови, дека ти...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите ...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (27)

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НА АРГОНАУТИТЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.