Петок, 05 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Стевчо: Ја избркаа Рашела и сега им е крив оној тивок ненаметлив професионалец Чулев

Стевчо Јакимовски: „Ајде да зборуваме чесно! Без предрасуди и политички предубедувања по три месечна временска дистанца белким можеме да процениме кој беше во право?

Тие што бараа вонредна состојба или тие што предлагаа кризна состојба.

Ако имавме кризна состојба како што тоа го направивме со Дебар, така ќе направевме и со Струга, со Прилеп, со Скопје но, не и со останатите градови во Македонија.

Девет градови немаат ниту еден заболен. Зошто тие луѓе „јадеа“ полициски часови? Зошто им ги затворивме кафаните? Зошто луѓето неможеа раат да си отидат на нива? Со еден збор ако воведеме кризна состојба штетите ќе беа далеку помали.

Во тој случај полицијата ќе делуваше на многу помал простор. Ќе прегрупиравме полиски сили на точно утврдени микро локации за кој со сигурност ќе знаевме дека не се почитуваат мерките и ќе имавме поголеми ефекти.

Останатиот дел на полицијата немаше да биде исцрпувана и расплината на целата територија, ќе беше по ефикасна и ќе имавме помалку заболени а економските штети далеку далеку помали. Но, како и да е некому му требаше вонредна состојба за да ја има целата власт во свои раце, да прави што сака и да калкулира со изборниот датум. И шу прајме сеа!

Сега им е крив министерот за полиција Наќе Чулев. Замислете Мизрахи ја избркаа а во владата остана единствено како опозиционен преставник оној мирен, тивок, ненаметлив но вистински професионалец Чулев. Е тој им бил проблемот.

Сите останати во владата се на место, само единствениот од опозицијата им е проблем. Немаа забелешки на потпреседателот социолог задолжен за економија Царовска, министерката за одбрана Шеќеринска што се слика со знамињата на УЧК и министерката за задолжување Нина Групер.

Неспособни се да владеат и сега дали ви е јасно зошто Груевски беше 10 години на власт? Ако не се вмешаа странците, исто како Ѓукановиќ повеќе од 30 години ќе ја управуваше Македонија.

Не ги бива за власт, не ги бива за опозиција, не ги бива ни за вонредна ни за редовна состојба, ама демек ги бива за избори од кои ние сме се плашеле. Во право се, ги бива за избори а за наместени најмногу.„

https://galama.club/2020/06/04/stevcho-ja-izbrkaa-rashela-i-sega-im-e-kriv-onoj-tivok-nenametliv-profesionalets-chulev/

 

На прво место

News image

Тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев ниту милиметар не се повлекувам

Од тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев, но и за останатите историски ликови, дека ти...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите ...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (27)

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НА АРГОНАУТИТЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.