Среда, 10 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Заев ја губи битката со епидемијата, а граѓаните губат здравје и животи

2a

Епидемијата од корона вирус за едно деноноќие однесе уште еден живот, а 87 наши сограѓани се ново заразени.

Само од почетокот на јуни во Македонија има 1.016 нови заразени и 24 починати, а на Заев и Филипче приоритет им се брзи избори наместо здравјето и животите на граѓаните.

За да ја спасат политичката кариера на Заев и да избегнат катастрофален пораз подготвени се и покрај вакви бројки да прогласат најнова нормалност. Тоа само покажува дека Заев ја губи битката со епидемијата, а граѓаните за жал поради неговата неодговорност губат здравје и животи.

Македонија е на 103-то место во светот според справувањето со корона епидемијата. Над половина од граѓаните сметаат дека владата лошо се справува со кризата, споредено со регионот.

Македонија е земја рекордер на Балканот по заболени и починати на еден милион жители.

Ова се поразителните факти и бројки кои Заев и СДСМ не сакаат да ги видат. Тие тераат кампањи, создадоа дури и кластер во самата партија од заразени, ги изложуваат на ризик здравјето и животите на луѓето, само и само да ги остварат своите тесно партиски интереси.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Македонија прво треба да ја победи епидемијата со корона, а потоа ќе ја победи на избори епидемијата од неспособност, сиромаштија, криминал и корупција која ја донесе тригодишниот хибриден режим на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.