Среда, 10 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Сите држави околу нас прогласуваат победа во борба со ковид 19, додека ние би требало да прогласиме капитулација

Кризен менаџмент или криза на менаџментот

 
Со користење на терминот „контрола” на ковид 19 пандемијата, наместо борба со истата, Владата прифати дека не може целосно да го супресира ширењето на вирусот.

Дали промената во политиката на Владата, поточно на Министерството за здравство и „фамозната“ комисија за заразни болести, олицетворена во нејзиниот прв човек, е општо прифатлива, во најмала рака е дискутабилна, но сепак главниот проблем останув – начинот на менаџирање на кризата со КОВИД 19. Досегашните политики немаа во себе зацртано некои долгорочни и ефективни мерки, туку сѐ се сведуваше на делумни дневно политички одлуки – преку карантин за викенд, полициски час за време на работна недела, неколку часа за верски празник итн.

Целосната неможност на министерството за здравство се простира на повеќе од 4-5 месеци и сведоци сме на секојдневни пропусти. Доволно е само да се видат бројките на ново заразени во последните неколку дена. Неефективноста на мерките доведе и до зголемување на бројот на позитивни случаи меѓу здравствените работници. Тоа се оние деградирани професионалци кои го носат целиот товар на борбата со ковид 19. Во овој период ни се случува втор пик, иако според мене, поверојатно се работи за одложен прв пик – кој не требаше да се случи или не требаше да биде во толкав број. Ова е директен резултат на погрешните политики на министерството за здравство, ненавремени и нецелосни. Во обидот да се избегне политичка и морална одговорност на првите луѓе на министерството за здравство и комисијата за заразни болести, одговорноста се бара каде, ако не на погрешно место – кај граѓаните!

Граѓаните се криви затоа што 3 месеци живеат во страв, здравствените работници се виновни затоа што 3 месеци се 24/7 на работа, со несоодветна или никаква заштита.

Патем, до каде е најавеното тестирање на здравствените работници? Се плашам дека намерно се избегнува тестирањето на таа популација бидејќи ако се спроведе, убеден сум дека резултатите ќе бидат поразителни и веќе расклатениот здравствен систем, конечно ќе крахира.

Како е можно сите земји во наше опкружување да имаат намален број или 0 (нула) ново заразени, а за тоа време кај нас пандемијата да добива на замав?

Не можам, а да не се сетам на една изрека додека студирав — на кривата ракета, крива и е вселената.

Некои земји прогласија и крај на епидемијата и полека животот го враќаат во нормала. Дали кај нив граѓаните се „попослушни“, повеќе си го чуваат здравјето од моите сограѓани или нешто друго е во прашање?

На последната од низата прес-конференции, на кои се „истура“ сомелена статистика, на прашање упатено кон министерот Филипче и д-р Караџовски за тоа дали чувствуваат одговорност за неефективноста на мерките против ковид 19, и двајцата одговорија дека не чувствуваат никаква одговорност?! Едниот дури и со арогантен став спрема новинарите, поточно новинарката која му го постави прашањето. Етика? Одговорност? Што беше тоа?

Според дотичните господа, мерките се одлични и затоа Форбс не става во друштво се земји како Доминика и Св. Луција и сме на дното во светот во борба со корона вирусот, а во Европа сме и последни по безбедност и ефикасност во борбата. Сите држави околу нас прогласуваат победа во борба со ковид 19, додека ние би требало да прогласиме капитулација.

И додека Заев и Филипче нѐ убедуваат дека ова е новата „нормалност“, во светот нѐ земаат како пример за промашени политики и неефикасност во справување со корона вирусот. Истите тие ликови и нивните вазали „трубат“ дека само избори ќе нѐ вратат во нормала, но јас лично не сум убеден во тоа.

Тоа што некој се дрзна за време на пандемија да води политичка кампања доведе до зголемување на бројот на заразени и со тоа и бројот на починати, во некое идно време ќе треба да одговара, а во меѓувреме, „драги“ господа излезете од кризата на менаџментот и менаџирајте ја кризата. На прво место со Вашите оставки.

Автор: доктор Александар Серафимов за НетПрес

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.