|
||||
Заев преку мртви до избори |
Заев преку мртви до избори: 7 починати и 125 нови случаи на коронавирус во Македонија Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19. |