Четврток, 11 Јуни 2020    Печати
Драга Кате, Ти си одбрана да бидеш НАРОДЕН ХЕРОЈ на Република Македонија

1kk1

Драга Кате, (Академик Катица Ќулафкова)Ти си одбрана да бидеш НАРОДЕН ХЕРОЈ на Република Македонија.

Еве откаде ова: на 10.6.2020 година, на Телевизија Алфа ја гледав емисијата “Заспиј ако можеш“ и таму чув дека против Тебе била покрената тужба заради некакво користење на говор на омраза. Е, па, овие од оваа “власт“ (в со мала буква) бираат големи личности што значат доста или многу и на нив се нафрлаат. Значи, не бираат “ситни риби“. Оцениле дека нападот на нив може да привлече поголемо внимание. А нив точно тоа им треба - поголемо внимание. Тоа им треба за да ја замајуваат јавноста заради затскривање на ооооогромните кражби на народни пари вредни милијарди долари.

Да не се чудиш како можам да се осмелам па да се сметам за квалификуван и за “дебели“ финансии. Имај на ум дека во 1997 година од претставник на Американската Влада ми е предложено да водам проект за развој на финансиски систем за сите земји од Источна Европа што во тоа време или малку порано излегуваа од социјалистичкиот систем. Ова можам да го докажам. Поради внатрешни, Македонски причини, тоа не се оствари. Покрај тоа мооогу добро ми се познати методите на кражба на социјалдемократите и за тоа можат да се пишуваат долги текстови.   

Меѓу другото, откако се насадени на власт (не ја добија од народот!) само тоа го прават-го одвлекуваат вниманието на јавноста со исфабрикувани, непостоечки случаи, со добро смислени лаги и обвинување на чесни луѓе, на докажани патриоти, луѓе што значат во општеството или луѓе кои тие ги имаат направено значајни поради тоа што тие така оцениле. Дали треба да наведувам? Еве неколку примери: настаните од првиот и вториот дел од 27. април, покренатите обвинувања за тие настани, работата на Специлајното јавно обвинителство, понижувањата со идентитетските и оттаму јазичните прашања, полнењето на “невладините“ организации со нивни луѓе (вклучувајќи го и Хелшиншкиот комитет за човекови права) кои, еве, и судски постапки покренувале - за чесни луѓе ...

Интересен е пристапот на младите луѓе во земјава: некои од нив сметаат дека се’ што овие имаат преземено е нелегално, незаконски, неуставно. Како да некој сево ова го правел така - незаконски, нелегално, неуставно, за да можат тие, младите кога ќе дојдат вистински да ја преземат власта, да можат сето тоа да го поништат по легален пат и да воспостават вистинско право и правдина. А таквите што на “овие“ им служеле за замајување на јавноста, да ги означат како НАРОДНИ ХЕРОИ, какви што и навистина биле и се. Затоа, треба да се радуваш затоа што си “одбрана“, а не да се јадосуваш. Покрај тоа, “луѓе“ што, како што имаш обичај да велиш, имаат вокабулар од 300 збора, си даваат некаква своја вредност на тој начин што ќе нападнат ЕМИНЕНТЕН АКАДЕМИК (нешто нечуено во нормален свет!!!), кој, освен тоа, не е ВЛАВ.   

Доста е олку. Твоето време е скапоцено.

Мирко Трпески