Четврток, 11 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
5-ти јули е датумот кој СДСМ го објавува во јавноста, но можам децидно да кажам дека тогаш избори нема да има

2Ja

Игор Јанушев: Изборите ќе се случат кога ќе има реални услови за нивно одржување, СДСМ покажува несериозност и негрижа кон граѓаните

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Отворено студио” на 24 Телевизија гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој зборуваше за пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, справувањето со здравствената и економска криза, како и одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Според Јанушев ситуацијата е повеќе од алармантна поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот и институциите мора да бидат фокусирани на решавање на тој круцијален проблем, а не да се зборува за избори. Тој посочи дека СДСМ и Заев не смеат да притискаат со датуми за избори само за да ја спасат својата кожа, затоа што животите на граѓаните се поважни од фотелјите.

“СДСМ иако лицитира со датуми, сепак сеуште не е време за организирање на избори.

Одење на избори при ваква здравствена ситуација укажува на несериозност и негрижа. Ние како сериозна партија тоа не смееме да го дозволиме. 5-ти јули е датумот кој СДСМ го објавува во јавноста, но можам децидно да кажам дека тогаш избори нема да има”, вели Јанушев.

Пандемијата зема замав и гледаме дека секојдневно за жал губиме човечки животи. Бројот на новозаболени секојдневно рапидно расте и тоа доволно покажува дека сите мора да бидеме фокусирани да се избориме со корона вирусот, па дури потоа да створиме услови за одржување на избори. Секое решение кое нема да биде суштински разгледано, може да не доведе до здравствен колапс и многу жртви, заврши Јанушев.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.