Четврток, 11 Јуни 2020    Печати
Црна се чума зададе

110101Тони Шанац Михајловски

Неспособна патолошка елита, заслепена од сопственото блескање направи од Македонија црна дупка за која се препорачува да се избегне по секоја цена.

Создадоа троимено Ништо во кое владее глупоста, незнаењето, омразата, поделбата, криминалот, неправдата, простотилакот, и Ковид-19.

Не само што нема да сакаат да влезат во оваа црна дупка, не само што ќе не заобиколуваат, туку ќе ни забранат и да излеземе од неа. Ќе не пломбираат.Како да сме зомби резерват, или карантин држава со вирус на власт. Не е исклучено сите заразени во светот да ги сместат и изолираат овде.

Додека гледаме како сите влади, народи и земји се справија со пандемијата, или навистина ја имаат под контрола, ние не знаеме кој бран не дави и до кога ќе трае оваа агонија.

Ама затоа гледаме дека ги поминуваме сите кругови на пеколот, со сите катови, демони, џинови, полјани и појаси и сега треба само да се спуштиме низ грбот на ѕверот, и готово, спасени сме.