Петок, 26 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи

2 15Комисијата за справување со пандемијата е нефункционална како и се што допре СДСМ. Политиката е вмешана и кога станува збор за здравјето на граѓаните. Скандалозна е јавната пресметка помеѓу министерот Филипче и директорот на Центарот за јавно здравје Зибери околу мотивите за укинување на мерките на граничните премини.

Станува јасно зошто Македонија е црна дупка во однос на бројот на заболени и починати од корона вирусот.

Поради неспособноста на власта на СДСМ Македонија е најтешко погодена држава во регионот од епидемијата на Ковид-19. Секој ден сме сведоци на над 100 нови случаи на разболени наши сограѓани од коронавирусот.

Македонското здравство е колабирано. Болниците се преполни и имаат недостаток на медицински материјали. Голем дел од медицинскиот персонал е заразен поради негрижата на власта на СДСМ. Министерот Филипче си тера дневна политика со преписки на социјалните мрежи, додека здравствениот систем пука по сите шавови.

Економијата тоне, бизнисите пропаѓаат, а државна помош добиваат само фирмите блиски на кланот на Заев и на поранешниот вицепремиер Анѓушев.

Единствено криминалот цвета зошто е заштитен од „трас трас“ судството кое е под директна контрола на власта. Јавноста имаше можност да види како во Македонија се рекетираат бизнисмени, како во чанти се ставаат пари од директорот на државниот фонд за здравство, како со куфери се носат милиони евра изрекетирани пари.

Овој вирус се проширил и во правосудството. Јавноста е сведок на вести дека се врши притисок со закани по живот на Бојан Јовановски. Откако Боки 13 почнал да кажува за криминалот на моќниците од власта пред обвинителите, некој се дрзнал да се јавува на неговиот адвокат и да се заканува дека Боки 13 ќе биде убиен ако збори.

Јавноста прашува кој се плаши од исказите на Јовановски кој најави дека парите од рекетот во Македонија завршувале во семејството на Заев.

СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (62)

Маноил Мане Јаковлевски својот живот го посветил на македонската кауза. На тој пат него го следат ...

Култура и туризам

News image

СЕДУМ ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ

Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил почина на 10 јуни 2013 годинаа, а бешероден како Никола П...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (29)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.