Недела, 28 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Правда за граѓаните мора да има и секој треба да одговара за криминалот кој го направил
1903
Наќе Чулев-Министер за Внатрешни Работи
 
Постапувањето во согласност со законите и нивната неселективна примена се основните темели на моето работење во Министерството за внатрешни работи.
 
Полициските службеници имаат право да ги повикаат на разговор сите лица за кои постојат индиции дека сториле кривично дело и тоа ниту е мој избор, а ниту моја одлука. Уште повеќе доколку тие индиции се поткрепени со материјални докази, аудио или видео снимки.
 
Во денешната изјава лидерот на СДСМ јавно ме повика да ги поканиме на разговор и други лица кои се споменуваат во бомбите и уште веднаш ги охрабрувам моите колеги во најкраток можен рок да го направат тоа, но не само оние кои ги спомена тој, туку сите политичари кои изминатиот период беа поврзани, споменувани или во иднина ќе бидат поврзани со некоја од бомбите кои се објавуваат во јавноста, вклучувајќи го и самиот Зоран Заев.
 
Правда за граѓаните мора да има и секој треба да одговара за криминалот кој го направил, особено доколку со тоа го оштетил буџетот на државата. Можеби во техничката влада правдата е поспора, но ги убедувам граѓаните дека после 15-ти јули конечно институциите ќе почнат да функционираат во целост и Министерството за внатрешни работи ќе отпочне засилена борба против криминалот и корупцијата. Функционално Министерство за внатрешни работи кое безусловно и максимално посветено ќе се бори против организираниот криминал и корупцијата е едно од најважните прашања кои граѓаните очекуваат да се реши, но и услов за интеграција на државата во ЕУ и јас цврсто ќе застанам позади реализацијата на оваа заложба.
 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (62)

Маноил Мане Јаковлевски својот живот го посветил на македонската кауза. На тој пат него го следат ...

Култура и туризам

News image

СЕДУМ ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ

Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил почина на 10 јуни 2013 годинаа, а бешероден како Никола П...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (29)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.