Понеделник, 29 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Во првите 6 месеци секој кој што се огрешил пред законот и пред Уставот ќе биде процесуиран

Мицкоски: Во првите 6 месеци секој кој што се огрешил пред законот и пред Уставот ќе биде процесуиран

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Ѓорче Петров порача дека на 15-ти јули по доаѓање на обновата во Република Македонија ќе се стави крај на криминалците и ќе се донесат многу проекти кои ќе бидат од корист на граѓаните.

На власта, кожните фотелји, дебелите персијанци, долгите лимузини и беа приоритет. Бидејќи така сакавте, така и ќе завршите. На 15-ти јули ќе ве пратиме на темната страна на историјата и жестоко ќе ве победиме. Оваа коалиција, овој народ овде има да ви покаже како се љуби татковината, како се сака Македонија. Обединет, сплотен Македонецот, Албанецот, Босанецот, Турчинот, Ромот, Влавот, Србинот, сите еден до друг ќе се борат за својата Македониј“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека македонскиот народ ќе се бори за подобра Македонија, за која секој еден сонува.

Сакам да кажам неколку реченици и за она што можеа, бидејќи нели е таков слоганот на оваа власт, велат можеле. Јас би рекол „Можевте“, а тоа е минато завршено време. А, што можевте? Можевте да работите, можевте наместо да го понижувате, омаловажувате овој народ, наместо да ја парчите, распарчувате, делите и осрамотувате нашата држава, нашата татковина. Можевте да ја направите горда, достоинствена, почитувана, сакана дома а почитувана во светот. Но не, вие тоа не го направивте. Вие тоа не сакавте да го направите, затоа што за вас поважен беше грст од жолтици, привилегии, луксуз, на грбот на овој напатен народ. Тоа беше за вас поважно. Можевте многу повеќе да работите, можевте и навистина ако работевте тие 500 евра просек плата да ги донесете. Но не, вие не ги донесовте, затоа што за вас беа поважни Луј Витон ташните, истакна Мицкоски.

Мицкоски рече дека оваа власт многу ветуваше на пензионерите, земјоделците, студентите, но за жал ништо не остварија и поради тоа ќе ги стаса казната на 15-ти јули. Ветуваа дека ќе донесат правда, но за жал донесоа криминал, корупција.

Ама затоа после 15-ти јули јас ви ветувам во првите 6 месеци секој кој што се огрешил пред законот и пред Уставот ќе биде процесуиран, јас ви ветувам. Да го знаете ова, кажете им, правда и закон мора да има во оваа држава. Од Куманово до Гевгелија, од Дебар до Делчево, нема веќе привилегирани политичари. Нема веќе да има привилегирани семејства. Секој кој што се огрешил, секој има да одговара, вети Мицкоски на граѓаните.

Мицкоски посочи дека по 15-ти јули ќе започне обновата на Република Македонија, ќе се вратат насмевките на граѓаните, ќе се врати оптимизмот.

„Во „Проект – Обнова“ има за секого нешто. Таму има и 25% зголемување на просечната плата во еден мандат, има и 20% зголемени пензии во еден мандат и враќање на старото законско решение. Таму има минимум 1000 километри реконструирани патни правци локални и регионални. Таму има повеќе од 4 милијарди евра инвестиции, домашни и странски. Таму има најнизок данок, најнизок данок во Европа од 8%, да им покажеме како се полни буџетот но не на товар на граѓаните, не на товар на народот, туку на товар на додадената вредност која што ќе ја направиме во економијата. За секој оној кој што ќе вработи човек до 29 години нула проценти данок за интегриран здравствен систем од 4 клинички центри, нагласи Мицкоски.

Мицкоски сосема на крај од Ѓорче Петров порача дека крајот на СДСМ е се поблиску. На 15-ти јули ќе ја добијат и својата казна.

https://lider.com.mk/makedonija/mickoski-vo-prvite-6-meseci-sekoj-koj-shto-se-ogreshil-pred-zakonot-i-pred-ustavot-kje-bide-procesuiran/

 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (62)

Маноил Мане Јаковлевски својот живот го посветил на македонската кауза. На тој пат него го следат ...

Култура и туризам

News image

СЕДУМ ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ

Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил почина на 10 јуни 2013 годинаа, а бешероден како Никола П...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (29)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.