Вторник, 30 Јуни 2020    Печати
Стоилковски: Колку пати Заев се сретнал со Дака и за што ги употребил парите кои ги зел?

Зоран Заев не негираше дека за него припадниците на таканаречената шарена револуција се шуто и рогато, и дека и тие, како и сите други кои ќе коалицираат со него ќе ги пушти низ вода.

Речникот со којшто се служи Заев во снимките коишто не ги негира дека се автентични, само покажува дека премиер бил човек без елементарна култура и со нулта почитување на законот.

Да ги слушнеме само дел од аудио инсертите, со коишто Заев им се обраќа на граѓаните, неговите симпатизери, шарената револуција и неговите коалициски партнери.

Почитувани, срамно е што овој човек бил премиер. Кога ќе слушнеме што тој зборува и како размислува во опуштен муабет се заклучува како државата дошла до ова дереџе.

Како што не ги негираше овие разговори, Заев не ги негираше ниту разговорите во коишто се слуша како српскиот бизнисмен Дака во разговор со Зоки Кичеец кажува дека на Заев му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни, а Заев не си ја исполнил обврската, за чие исполнување ги земал рекетот од 300.000 евра.

Заев не негираше, но бега од одговори.

Колку средби имал со српскиот бизнисмен Дака?!

За што ги употребил парите коишто ги зел од Дака?!

И зошто се крие од одговори на овие прашања?!

Снимката од која се слуша како Дака вели дека му дал 300.000 евра на Заев е второ сведоштво, овој пат на оштетен бизнисмен, кој директно со изрекетирана сума го посочува лично Зоран Заев.

Јавното обвинителство наместо да покрене постапка молчи. Молчи и за наводите на Боки 13, дека токму кај Зоран и Вице Заеви завршиле парите изрекетирани во оваа Македонија во случајот Рекет.

Го повикуваме Јавното обвинителство, да се охрабри и да се спротивстави на сите притисоци и да отвори постапка против Зоран Заев, во спротивно ќе биде само соизвршител во целиот криминал.

Зоран Заев изминативе години докажа само дека може повеќе да краде, да рекетира и да се богати. Мора да ставиме крај на овој грабеж. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ     

https://vesti.mk/read/article/https%3A%2F%2Fmakpress.mk%2FHome%2FPostDetails%3FPostId%3D355938