Среда, 01 Јули 2020    Печати
СДСМ МОЖЕА, но не направија ништо за народот

1zaev-spasovski

Спасовски можеше, но ништо не направи за народот во овие три години

Оливер Спасовски од економија се разбира само како да ги заштити матните бизнис интереси на кланот Заеви. Видовме дека тој од позиција на министер за внатрешни работи наместо да го гони криминалот, беше заштитник на милионскиот рекет, за кој има сведоштво дека завршил кај Зоран и Вице Заеви.

СДСМ МОЖЕА, но не направија ништо за народот. Тоа покажува дека се веќе прочитана книга. Лажните ветувања кои ги кажуваа за подобар живот не ги направија, а веќе ги надградиле и со нив сега ги манипулираат гласачите.

Поради нивното лажно блескање Македонија има најнизок раст на БДП во цел регион,

  • платите за три месеци се намалени за 5%,
  • бројот на вработени во индустријата паднал за 5%,
  • 70% од младите сакаат да ја напуштат државата,
  • до крајот на годината ќе ги задолжат граѓаните за 1,3 милијарди евра,
  • 30 илјади работници немаа земено плата за април,
  • Македонија падна на 106 место на листата за борба против корупцијата,
  • прогласени сме за хибриден режим,
  • државата е црн рекордер во регионот по бројот на заразени и починати од епидемијата со корона вирус и уште голем број други порази и неуспеси, поради неспособноста на СДСМ.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази.

Да ставиме крај на виткањето кичма.

Исправи се Македонијо!

 

Одбери обнова!

ВМРО-ДПМНЕ