Четврток, 02 Јули 2020    Печати
МАКЕДОНИЈА ВО ЗОНАТА НА САМРАКОТ...

1 slobodanСлободан ТОМИЌ

Изборите се ближат, а лагите и ветувањата се нижат. Ред по ред дрворед од трупци политиканти кои со години ја лажат, крадат и злоупотребуват Македонија како земја, нација, демократија... Велат без програма и план нема победа! Оваа е свето правило за било која идна власт која има намера со државата да управува! Ама, не правете ништо што е спротивно на вашата совест, дури и ако државата ве праша за тоа! Мислите, на другите им е лесно да се разберат кога имате своја глава? Но, колку го користите мозокот кога се работи за вашиот опстанок и достоинство?

Сведоци сме дека политичарите во Македонија во изминатите 30 години, свесно ја девалвират вашата искреност, патриотизам и лојалност. Живееме во страв и сиромаштија, од кој да се браниш и да се чуваш? Од невидливиот непријател Ковид 19 или од арамии и манипулатори и политиканти кои ниту М имаат од морал, ниту Ч од чесност, а за тоа се’ повеќе ни ги вознемируваат сетилата.

Корона вирусот си го зима својот плен секојдневно, згаснуваат стотина човечки животи во последните  пет песеци од светската пандемија која ја зафати Македонија. Избори по секоја цена во време на пандемија е еднакво на газење  по жилети или “боси“ по жар во пеколот...

Да речеме, колку беа исполнителни коалицијата СДСМ и ДУИ кои на еден манипулативен начин, во минута до дванаесет ја дефинираа најнепринципиелната коалиција, позната како  Guns and rouses, ќе оценат аналитичарите. Но тие се јасни во оценките за крајната цел на оваа коалиција: Реализација на најконтроверзните и погубни сценарија за Македонија и Македонскиот народ!

Од највисоката точка на  вселената можеше да се прочита и види дека двоецот Зоки и Али се донесени со јасна цел: Да се прифатат сите сценарија за Македонија и Македонците кои се подготвуваа во белосветските центри на моќ.

Наивното лице на Зоран Заев со десното раче на срцето, невропсихијатрите велат кореспондира со зрела дијагноза на егзибиционизам, кога пациентот верува во сопствените лаги што ги манифестира на јавна сцена.

Кога сме веќе кај пациентите на психијатриски ординации, неизбежен е Алекандар Антиќ, кој неодамна излезе со идеја и тоа не во пет до дванаесет, туку во дванаесет и пет, пост фестум. Веќе погодивте, идејата е на претседателот на интегративците Али Ахмети, да се оствари албанскиот сон, Македонија да добие премиер Албанец?! И ништо не е случајно, ќе оценат познавачите на политиките во Македонија, УДБА е нашата судба.

Тука некаде е и Зоран Заев. Повеќе од јасно е дека шарената револуција е дело на мизантропот Џорџ Сорос, кој на нај недеокртаски начин, со сите средства и сили вршел упади во политичкиот систем и демократиите на малите држави диктирајќи и власт и лидерство. Да потсетиме, тајфата на Заев, за време на кампањата на Доналд Трамп наспроти Хилари Клинтон јасно и гласно упатија порака на светот дека тие се за “челичната дама“ зад големата бара, која заедно со нејзиниот побратим, сега актуелен опонент на Доналд Трамп, Џо Бајден, јасно му го ставија кубурот на чело на  поранешниот премиер Груевски во просториите на Стејт Департменот за “руски рулет“: Да го смени името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ! Или тоа, или ништо од него! Груевски им даде “корпа“ но заврши со прогонство и пресуди...

Да биде порезил работата, Заев со неговата наивна детска насмевка, е во прегратки на вториот човек на САД, Пенс, на услуга да ги исполни сите точки од наредбата за да не нема и снема!

Можен е пресврт и крај на deep state.

Се молиме на Бога, од политичката сцена да ги снема и Заев и Ахмети... Македонија да излезе од оваа зона на самракот.