Петок, 10 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНИЈО, ТЕ САКАМЕ (во сите твои бои)

1emili

1 emili2

Марија-Емилија КУКУБАЈСКА и Емилија Кукубајска

МАКЕДОНИЈО, ТЕ САКАМЕ (во сите твои бои) 

Љубовта кон македонската духовна и материјална култура 

Златна Македонијо:

Житото - лебот, или срцето - душата твоја? Што ли е послатко

Во тебе, и што поблагородно и позаслужно за милоста Божја!?

Те сакаме! Чувај се! Зашто не е злато се’ што свети, од надвор!

 

Македонијо, Црвена

Од исконска љубов кон вистината со божја сила запалена,

И по крвави милениуми неистината иако распарчена.

Од сите Светски сонца само твоето ли е за криење? Зошто? Во крвта ни е!

 

Македонијо Сина -

Небо наше, плашт душевен, од свето срце исткаен,

Во тебе да се обвиткам, да ме грееш со топлина

Родителска, кон чисти, нови дела да се возвишам.

 

Македонијо Зелена -

Твоите лиснати пердуви, пилиња меки, распослани

По рид, по дол, за плодност, за песна, за храна и сила:

Со розова дланка ги поминувам, галам, благословувам

 

Македонијо Бела -

Пожелувам снегот да е заштитен кајмак против болести

А почвата твоја под него - трпеза на здравјето, братски

Сите да ја делиме, да славиме радост - и да преостанува...

 

Македонијо Сребрена -

Водени бранови вековни рани ни миеле. Под површина - раните,

Ракли ни риеле - и за нив ни светски лек немало. Но сега надоаѓаат

Кошници со новородени водачи - за тебе да се борат, оти те љубат.

2.

Македонијо славна, невесто со шарени чеизи -

Плодовина Духот,

За нив да наздравиме, со љубов да ги сееме, со радосен мир, трпеливи,

Милозливи. Жетвите -- желно, животворно да ги раснеме

За Доброто Утре.

 

Те сакаме, Македонијо! Со Бога напред, во тебе

Веруваме! На Здравје!

Те сакаме, рожбо наша поробувана, грабана, ипродавана,

И пак со чиста љубов, плачно но надежно и верно што ги дочекуваше

Сватовите, а по свадби, гозби и селидби, без најмили чеда свои пак што остануваше.

До кога ќе простуваме, премолчуваме, дозволуваме

Децата под лажно врвни вршници да ни ги загреваат

Против себе, против Родителското?

До кога вештачки вредности

Да ни ги хранат нив, да се откажат

Од природни права наши на пра-писма, пра-говор,

Пра-вери и пра-ери?!

 

Милинаши, мирнимајки, мудритатковци, претци

Прекрасни, дедовци дотепани, изработени, баби

Ограбени, а младина труена, ослепувана,

Заглушувана, втерувана и сега во канали на

Новодобска зависност од Невистината - само едно

Име имаме, а илјада и еден ненаш, неверен антоним.

 

Но, Македонцисме, Македонијо! Од Бога крстени,

А не од зли кумови пре-крстени.

Што ли ќее, мајко, зоштоли:

Таман помислуваме дека пролетни пролетувања

Отвораат збор и говор,

Прозор и врата кон светлината - а еве ти ги 

Злите, подлите духови -

За етики и анти-антики зборуваат,

А добриот самариќанец го каменуваат,

Озборуваат – по светот и дома, знаат

Она што го прават дека смислено против правдата и мирот е,

А наводно го бранат најдоброто наше, името на Народот свој.

Боже, чувај не од таквите, фарисеи

И во оваа, земја

На Александар, на Павле,Климент, Кирил, Марко, Самуил, На Охрид,Бистра и Шара,

Шарена убавице наша, Македонијо сакана,

Многу, премногу не пријатели имаш.

Што ли се не имаш сторено против непрадвата, та не се имаш одморено

Од проклетства историски - искривени, подивени

Грешници, и од помор-горештини без настрешници...

Само небата, само тие ти остануваа покривка, сестро,

Само тие, Божја заштита, над висови и падини верно

Те вардеа и штитеа за спас, за нас, за ретките слуги

На правдата кои не се откажуваа ни од чест ни од доблест 

Во маката Македонска.

Но од денес знај, од сега до невидлив крај

Се додека има и домашно и увезено

Труење за тебе, ние ќе сме лекот, ние

Што сме векот твој, оти најдобро ти ја знаеме

Историјата на болката, ние ненаспаните

Но неуморни, умни и остарени, но како деца

Чедни што ти се радуваме

На секој знак на будење од коми и мори, од комори

Древни и современи. Со тебе сме, за тебе сме,

МАКЕДОНИЈО, ТЕ САКАМЕ!!!

Песната е објавена во изданијата:

  1.      Томе Богдановски, МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, шесто одделение, Просветно Дело, АД, Скопје, 2003, ISBN 9989-0-0325-4
  2.      Марија-Емилија Кукубајска, ЈАЗИКОТ НА ЗЕМЈАНИТЕ, епска поема, електронско издание,
  3.      Македонија, стр. 31, изд. Матица на Иселениците, Скопје, 1999

ЕМАРИ Институт, Штип, 2008, ISBN -13 978-9989-2935-5-93.

 

На прво место

News image

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, се убиени пет струмички студенти

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт д...

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.