Сабота, 11 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
ИМА МАКЕДОНИЈА

1 Lambe

Ламбе Арнаудов: До ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ – АРХИТЕКТИ НА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА

Браќа и сестри ветерани на ВМРО ДПМНЕ, на 15ти јули заокружувајќи го бројот 14 да викнеме со глас голем, да нé чуе народ предаден, да знае Европа, да разбере светот

ИМА МАКЕДОНИЈА

Ова не е повик од најрелевантниот Христијан Мицкоски, ниту од ВМРО ДПМНЕ или авторот на овој текст. Ве повикува македонскиот обесправен и напатен и пoсрамотен граѓанин, ова е крикот на пролеаната во потоци света крв на нашите јунаци кои го дале својот живот за Македонија, ова е гласот на светите мошти нивни кои нé потсетуваат нас, благородното им миро што тече од нивните коски и черепи да ја натопува македонската земја, а не таму на некоја прекрстена и за нив туѓа непозната почва, ова е за патоказ на идните генерации пред кои треба да се отсрамиме, ова е љубовта што ја имаат патриотите, уставобранителите кои и ден денес гнијат во затворите на ова анти народна власт и конечно е повик од МАКЕДОНИЈА.

МАКЕДОНИЈА ве повикува затоа што во овој миг е загрозен нејзиниот опстанок. А, кого да викне ако не вас ВЕТЕРАНИТЕ во кои најмногу верува. Сепак со нас многу полесно ќе се исправи. Но ќе се исправи и со нас и без нас ама како? Сигурно потешко. Македонија ќе се исправи, ама срам голем ќе е и разочарување Македонија да се исправи, а ние да останеме свиткани. Исправена Македонија, исправени ветерани, тоа е она како нé личи. Така ќе биде!

За жал, честопати низ историјата, посебно последниве 2-3 години нé водат типови од редот на неразвиени живи суштества, влекачи, без’рбетници и зглафкари, кои за да се поуверливи пред нас и пред светот и за да го докажат своето потекло, ред и низок стадиум на развој, така и се облекуваат.

Кондури од крокодилска кожа, Луј Витон ташни, куферчиња и други модни комплетчиња од змиска кожа, ѓердани и гривни од лигави мекотели и незаобиколното модно парче – духот на најомразените гуштерчиња Камелеонот.

Зарем ти, почитуван ВЕТЕРАН, украс на единственото разумно суштество кое го создал Господ ќе дозволиш најскапоценото уметничко дело, единственото што го имаме, а го создал нашиот народ да стане музејски експонат или храбро ќе застанеш пред предизвикот простум и ќе овозможиш вечен опстој на нашата татковина Македонија, топол дом за сите граѓани без оглед на вера, етничка, родова и национална припадност.

Знам, многу од вас кои се колнеа во нашето свето тројство: камата, пиштолот и евангелието, некој симболично, некој романтично, повеќето вистински. Заклетвата на крајот гласи: „Ако ја предадам организацијата или Македонија да бидам убиен од овој пиштол или прободен од ова кама“.

Гледаш, заклетвата се однесува на нас кои сме гаранција за вечниот опстој на Македонија, македонскиот народ и ВМРО ДПМНЕ. За среќа, тие времиња одамна се отфрлени од нас, никој никогаш нема да страда, а зборот “насилство“ повеќе не постои во речникот на ВМРО ДПМНЕ. Ама жртва сепак ќе има. АКО ОСТАНЕМЕ ДОМА ВЕТЕРАНИ МОИ ЌЕ ЈА УБИЕМЕ МАКЕДОНИЈА.

Ние ВЕТЕРАНИТЕ од кога сме внедрени и сраснати со Македонија имаме судбинска улога за прапочеток, како вечен наш сопатник.

Тоа е заради тоа што предавниците и хероите во Македонија патуваат паралелно, само што на првите, проколнатите патот им е полесен, а крајот ужасен, додека нашиот е тежок, трнлив, преполн со сопки, но секогаш завршува со триумф над злото.

МАКЕДОНИЈО! Те сакаме!

МАКЕДОНИЈО! Те сакаме најмногу кога треба НИЕ да ти дадеме барем дел од долгот што никогаш не можеме да ти го отплатиме, мајчице наша МАКЕДОНИЈО – Мајка на сите Мајки.

 

На прво место

News image

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, се убиени пет струмички студенти

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт д...

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.