Понеделник, 20 Јули 2020    Печати
Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра

2a

Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра

Економијата не генерира раст. Со Заев и СДСМ трошиме кредити со високи камати.
Власта поради својата неспособност да менаџира со економијата предизвика буџетска дупка која до крајот на годината ќе биде и до 1 милијарда евра.

Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра од БДП.
Македонија се движи кон амбис, поради Зоран Заев и неговите непромислени политики.
СДСМ не прави ништо за економијата да генерира раст.

Наместо на развој на економија СДСМ се насочи на криминал, корупција и рекет.

Со СДСМ Македонија нема развој. Тоа се гледа и од нивото на реализирани капитални инвестиции, кои се движат околу 60%, од првично планираното, скоро секоја година во изминативе 3 години.

Со СДСМ Македонија тоне.

ВМРО-ДПМНЕ