Вторник, 21 Јули 2020    Печати
Ѓорѓиевски: СДСМ изврши масовен поткуп од над 100 милиони евра, фатени се поткупувачи, а ЈО молчи

Ѓорѓиевски: СДСМ изврши масовен поткуп од над 100 милиони евра, фатени се поткупувачи, а ЈО молчи

На денешната прес-конференција, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ на овие избори спровел масовен и неконтролиран поткуп, а Јавното обвинителство се уште молчи за истото.

Во продолжение интегрален текст од прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски.

Главниот проект на СДСМ кој го реализира во ова три годишно владеење е поткупот на изборите кој го спроведе масовно и неконтролирано.

Непосредно пред изборите, пуштени се во промет платежните картички со кои што илјадници граѓани добија од 100 до 200 евра. За оваа намена директно од државниот буџет испумпани се близу 30 милиони евра.

На два дена пред избори, кршејќи го чл.8-а, ст.1 а.2 од Изборниот законик и чл.43 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, СДСМ подели десетици илјади картички за зелена нафта помеѓу земјоделците при што потроши дополнително 200 милиони денари или 3.5 милиони евра.

На истиот начин, кршејќи ги истите закони, две недели пред тоа Владата преку Генералниот секретаријат подели половина милион евра на 40 невладини организации.

Дополнително во текот на целиот период од завршувањето на вонредната состојба до денот на изборите беа делени пари за фирмите во висина од 100 милиони евра. Таканаречената помош за стопанството ја добија само одбрани фирми, а сега гледаме и зошто.

На целиот институционален поткуп му следеше и теренски, црни пари во кеш, кои беа делени два дена пред и на самиот ден на изборите.  При делење на дел од тие пари беа фатени двајцаГрадоначалници на СДСМ, кои беа и уапсени, и поради тоа што обвинителството не им одреди притвор тие не одговараат и не ги процесуираат пријавите.

Во Штип во посед на едно лице беа фатени 40 – тина лични карти, кои исто така биле дел од поткуп шема.

Масовен поткуп, на 29 места е регистриран и на денот на избори, на разни локации низ државата. А регистрирани се неколку носења на лица до гласачко место.

ЈО и институциите задолжени за расчистување на овие случаи молчат. Молчат затоа што го спасуваат очајникот Заев, кој е свесен дека доколку се воспостави правна држава ќе мора да одговара.

Јавното обвинителство мора да реагира и да покрене постапки против овие случаи и да ја одбрани правната држава

Народот јасно се определи за промени и казната за сите криминали против сопствениот народ доаѓа.

https://alfa.mk/gjorgjievski-sdsm-izvrshi-masoven-potkup-od-nad-100-milioni-evra-fateni-se-potkupuvachi-a-jo-molchi/