Понеделник, 27 Јули 2020    Печати
Коњаницата до Крушево ќе ја предводи тврдокорната лавица Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија

1 90

Пратеничката во Собранието на Р.Македонија Рашела Мизрахи пред поаѓањето на коњаницата ќе изјави:Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и за тоа како се сака Македонија.Голема е честа да ја предводам коњаницата! Нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен.

Со поаѓањето на Коњаницата за Крушево ќе се присетиме на нашите славни Илинденци и на народот кој им давал голема подршка во сенародното ослободително востание.

Коњаницата „СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ“ по единаесети  пат традиционално ќе учествува на прославата на: научно културните средби „Десет дена Крушевска република“.

Илинденците со својата крв го испишаа својот аманет. Аманетот од нашите предци, моралот и слободата ни налага дека мора да ја чуваме нашата држава и да ја пренесуваме на нашите потомци. Света должност на секој од нас е да ги негува и никогаш да не ги заборава аманетите.

Ако со Крушевската Република се поставија темелите на македонската држава, со Вториот Илинден македонскиот народ се стекна само со ограничен суверенитет, на Третиот Илинден (8 септември 1991) македонскиот народ доби целосен суверенитет.

Да се биде Патриот во 21 век треба со дела да покажеш како се сака и како се работи за својата држава и својот народ. Денешниот патриот создава сегашност и иднина. Со Делата се градат темелите на успешна и просперитетна држава. Тоа е патриот денес.

На својот историски пат Македонија и македонскиот народ постојано наидувале на пречки, на разни искушенија. Затоа, да ја искористиме можноста на 2 август од славното Крушево да им се поклониме на: Гоце, Даме, Карев, Питу Гули, Сандански, Александров, Камхи, Гемиџиите, Ченто, Брашнаров, Богдановски и на илјадниците борци во револуционерното дело кое е симбол на македонскиот непокор.

ДА ГО ЗАЦВРСТИМЕ МАКЕДОНСКИОТ КОРЕН, ДА ЈА ПРОДОЛЖИМЕ ЛОЗАТА НА НАШИТЕ ПРЕДЦИ, САМО ТАКА МОЖЕ ДА ОПСТАНЕ ЕДНА НАЦИЈА, ЕДЕН НАРОД, ЕДНА ДРЖАВА!

ВЕЧНА ДА Е НАШАТА ЕДИНСТВЕНА И БЕСМРТНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! Амин!

1 1111

1 199

Мане Јаковлески