Вторник, 28 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Би бил кукавица доколку сега се повлечам

1mickosk

Христијан Мицкоски: Би бил кукавица доколку сега се повлечам, следува катарза во ВМРО-ДПМНЕ, силно сум мотивиран за смена на оваа власт

Во денешното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се осврна на одржаните парламентарни избори, очекувањата од претстојниот период, како и на внатрепартиската состојба.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има 40 пратеници во рамките на парламентот, а СДСМ 32 пратеници, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од македонскиот народ. Според Мицкоски, СДСМ ја нема довербата на граѓаните онака како што се прикажува пред јавноста, бидејќи оние 2 пратеници плус кои СДСМ ги има официјално пред ВМРО-ДПМНЕ, се всушност пратеници на политичката партија БЕСА.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше дециден дека поради поддршката од Извршниот и Централниот комитет на партијата, како и од Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, останува на висина на задачата како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се бори за состав на ново парламентарно мнозинство.

“Би бил кукавица доколку во вакви моменти се повлечам, тоа не е својствено за мене. Останувам фокусиран на предизвиците кои следат, останувам фокусиран на членството и внатрепартиската катарза која што следи во ВМРО-ДПМНЕ, како и на напорите за формирање ново парламентарно мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, туку идеологија и водилка на македонскиот народ и моја огромна чест е да бидам на чело на ВМРО-ДПМНЕ”, вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ се ослободува од последниот товар од поранешни функционери на партијата кои во овие моменти работат здружено против партијата, но тоа само покажува за стравот и очајот кои ги има во тие луѓе. Таквото однесување не наидува на поддршка ниту кај членството, ниту кај граѓаните на Република Македонија и тоа е она кое што е најважно во моментот, заврши Мицкоски.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.