Среда, 29 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
Следува сериозна катарза и кадровски освежувања во сите структури

1mickoski28076

Партискиот статут на ВМРО-ДПМНЕ е практично документ кој што ги уредува внатрешните односи на партијата, а се рефлектира од програмските одредби. Инаку, искуствата од нашите сестрински партии практично заедно со спецификите кои што се карактеризираат со нашата партија за нашето општество се вградени во овој нов статут. Според оценката на многумина претставува најдемократски партиски статут во нашата држава, во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во соноќешното интервју во централниот дневник на ТВ Сител.

Мицкоски истакна дека носењето на нов статут на партијата го поздравила и сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Европската Народна партија што за него претставува посебна гордост, додавајќи дека овој пример треба да го следат и останатите политички партии во Македонија, односно како што рече тој со демократизација одвнатре може да биде подобар.

Овозможува сериозно би рекол да можат партиските структури да дојдат до израз, имаме ново формирани тела како што е Унијата на ветераните кое што е старо – ново формирано тело, потоа тука е патриотскиот институт, судот на честа, имаме сериозно ограничување на бројот на мандати на партиски функционери, ограничување во дуплирање на позициите на државни и партиски, понатаму непосреден избор на претседатели на општински комитети, кандидати за градоначалници, советнички листи итн.

Јас сум горд што и нашата сестринска партија Европската народна партија го поздрави, направивме едно капитално дело. Дело кое што мислам дека треба да го следат и останатите политички партии во Македонија, бидејќи само на тој начин демократизирајќи се одвнатре може да бидете подобри.

Мицкоски најави сериозна катарза и кадровско освежување во сите структури во партијата до крајот на септември почетокот на октомври месец.

Инаку тој статут практично претставува и најава за онаа внатрешна катарза која што следи, деновиве ќе биде објавен оглас за нов претседател на Унијата на млади сили, членови на претседателството на Унијата на ветерани и ја користам оваа прилика да ги повикам сите оние кои што се заинтересирани членови на ВМРО-ДПМНЕ да се пријават на тој конкурс. Понатаму ќе следат промени во другите структури, во Извршниот комитет, останатите унии, избор на нови претседатели, на патриотскиот институт, на советот на честа на партијата, форумот на интелектуалци, нови претседатели во општинските комитети. Така да претстои една сериозна катарза таму некаде  до средина или би рекол до крајот на септември почетокот на октомври месец, објасни Мицкоски.

 

На прво место

News image

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, се убиени пет струмички студенти

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт д...

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.