Четврток, 30 Јули 2020    Печати
Ребрендирање на ВМРО и збогување со кадрите од минатото

Ребрендирање на ВМРО и збогување со кадрите од минатото

пишува: Светислав ВАСЕВ
 
Политичката ситуација по изборите на 15 јули, кои завршија со резултат кој ги става во мат позиција партиите, а особено СДСМ, на чие раководство му е повеќе од јасно дека доаѓа време за заминување од власта ги направи нервозни и ги стави во позиција да ги употребат и најочајните методи за да спречат формирање на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Активирани се поранешните функционери на партијата, како Сашо Мијалков, Никола Попоски, Никола Тодоров, Ивица Коневски и Даниела Рангелова, од кои поголем дел под притисок на голем број на судски предмети против нив почнаа да го напаѓаат Христијан Мицкоски, целосно без основа и на штета на позициите на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на преговорите за идна влада, а со тоа директно јакнејќи ги позициите на Зоран Заев и СДСМ.

Нападите јасно издиференцираа кој за кого е, и со кого. На една страна имаме поранешни функционери, кои својот збор во политиката го кажале, а од друга страна Христијан Мицкоски и група млади луѓе кои сакаат да наметнат нови вредности и принципи во политиката, но и да ја сменат сликата за Македонија, како земја на криминал и корупција, каде се напредува само со партиска или роднинска поддршка.

Мицкоски не само што го доби легитимитетот во партијата, бидејќи сите застанавме зад него, буквално целото членство, туку и кај граѓаните, особено во македонскиот корпус на гласачи. Така стекнатиот легитимитет го обврзува да продолжи понатаму и да се бори против сите штетни политики за татковината. Но има и полно право да направи целосно партиско прочистување, кое што и самиот веќе го најави.

Периодот во кој што се наоѓаме, но и деновите пред нас се одличен тајмниг за ребрендирање на ВМРО, но и за збогување со кадрите од минатото кои само не обременуваат.

ВМРО има сила, ВМРО знае. Со Христијан Мицкоски и новиот пристап во политиката со вредности и принципи ќе свртиме нов лист во политиката и ќе ја вратиме надежта на граѓаните во системот и државата.

https://lider.com.mk/makedonija/rebrendiranje-na-vmro-i-zboguvanje-so-kadrite-od-minatoto/