Петок, 31 Јули 2020    Печати
МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

1075Во период на предизвици, кога светот се соочува и справува со пандемијата на ковид-19, Македонија дополнително се справува со политичката криза, предводена од паријата на власт.

Власт која наместо да придонесува кон економски напредок, таа ја доведе Република Македонија до тотален колапс и банкрот,

Потпишувањето на поразителниот договор со Грција на штета на Република Македонија. Со овој договор не само што се смени името на државата, туку се создаде нова, полусеверна држава, со ново име, со нов внатрешно-правен и меѓународно-правен идентитет.

Но членството во ЕУ не следува по автоматизам, без вистински реформи, без борба против корупцијата, без борба против партискиот елитизам и клиентелизам, нама членство во ЕУ.

Во 2011 година за првпат беше спроведено гласање на македонското иселеништво во Дипломатско-конзуларните преставништва, и после неколку изборни циклуси, не се најде решение кое ке го олресни гласањето на дијаспората.

На 15 Јули во Македонија треба да се одржат предвремените парламентарни избори, но на македонските иселеници ова право загарантирано со устав и беше ускратено, под изговор на недоволно исполнет цензус на пријавени гласачи.

Но, знаеме дека  кон сето ова свесно се пристапи за да може да и се ускрати гласањето на дијаспората.

Но и во овој период на предизвици дијаспората ќе ја искористи секоја можност да ги употреби своите можности да и помогне на Република Македонија.

Почитувани Пратеници и политичари, (иаку многу од нив не би ги ставиле во почитувани), дијаспората е значаен сегмент и нераскинлив дел од Р. Македонија!

Македонија има повеќемилионска дијаспора која може на многу начини да помогне. За целосна соработка помеѓу Р. Македонија и наредната власт треба да го стави на дневен ред прашањето за отварање на министерство за дијаспората кое би работело во корист на Македонија.

Едно вакво Министерство за прашања со дијаспората би било задолжено за македонското малцинство во соседните земји и македонските иселеници ширум светот. Министерството за дијаспората би имало за цел да го заштити македонскот идентитет, јазик и култура, како и да влијае позитивно врз надворешната политика во државите каде живеат македонските иселеници.

Големи пропусти од страна на политичките партии кои ја доведоа Македонија потчинета и понижена од страна на своите соседи.

Затоа да застанеме и да се обединиме сите против злото кое ја води нашата земја во целосен колапс и пропаст,  на 15 Јули дадете го својот глас за спас на Македонија и нејзин опстанок!

Затоа што Македонија го заслужува својот опстанок, затоа што ние резервна држава немаме.

Сузана Сурловски-Ѓеоргиевска