Недела, 02 Август 2020    Печати
Мицкоски: Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО-ДПМНЕ гледам кауза

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минатото му се извинуваме на народот

Во своето обраќање, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минатото му се извинуваме на народот.

Државата сериозно скршнува од патот на илинденските идеали и дека сето тоа е со намера за да народот биде во апатија и мисли дека сите сме исти. А не сме. Вистински не сме, затоа што тие што се исти последниве недели ги видовме на купче собрани. А денес оние кои се товар во ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО.

Целосно свесен за нивните постапки од минатото, и целосно свесен дека токму овие жестоки по-јаничарени јуришници на власта беа и товар на партијата, сакам јасно и недвосмилено да истакнам дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено.

Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО-ДПМНЕ гледам кауза. Јас повеќе не сакам да ги коментирам, верувам во народот и верувам дека народот сосема јасно разбира за што овде се работи и кој за што се бори, кој ја сака и кој работи за Македонија.

Ако оваа темнина е тунелот кој го создаде оваа власт, и во кој сака свесно да опстојуваме, јас ќе ви кажам дека има светло на крај од тунелот. А за тоа светло вреди и треба да се бориме, истакна Мицкоски.