|
||||
На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, се убиени пет струмички студенти |
На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт дека сакаат да бегаат преку граница, убиени се пет струмички студенти, членови на ВМРО, и тоа: Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов. Случајот со петте струмички студенти кои една августовска вечер во 1951 година беа насилно собрани од струмичкото корзо, оттргнати од прегратките на своите девојки, одведени кон границата и свирепо убиени по наредба на месен комунистички функционер. Нивната идеја била слободна, независна Македонија. Идеја која не и се допаѓала на тогашната власт. По убиството се прогласени народни непријатели. |