|
||||
Иван Соколов: Господо дволични и лажни Патриоти |
Иван Соколов
Ете ви дојде Видовден. Сега се гледа кој каде и за кого одработуваше овие изминати три години. Сакале или не ке морате да си го признаете гревот. Вие сте тие кои сакајки или наивно одработувавте за трагедијата на Македонија предводена од Заев.
Вие господо ,, ПАТРИОТИ,, со звучни имиња последните три години ширевте омраза кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски.
Вие бевте тие кои кои покажавте како нетреба да се делува кога Татковината ни е во загроза.
Вие сте тие кои цели три години немавте во себе ниту еден лош збор да кажете или укажете за деструктивноста и опасноста од Заев и неговата предавничка улога.
Вие сте тие кои спречивте да не се случи замислата на Мицковски ВМРО-ДПМНЕ за предизборна семакедонската коалиција против Заев.
Господо лажни патриоти со звучни комиски имиња, историјата ке не оценува сите и на сите ке ни го одреди местото. Не се залажувајте ако ги упатувате нападите кон Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ дека ке си ја оправдате вашата деструктивна улога кон Македонија. Не, ке остане запишано во исти кош влеговте со Заев и така ке ве памети историјата. Судбина наша македонска и долг е да останеме и да му пркосиме на непријателите на Македонија.
До последен здив ке верувам дека Обновата на Македонија ке дојде и ке се случи.
Вие господо,, Патриоти,, три години неможевте да ја видите разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и северџанската политика на Заев и сега ке морате да продолжете да го напагате Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ зашто само така ке можете да си најдете оправдување во вашата поданичка улога.
|