Понеделник, 17 Август 2020    PDF Печати Е-пошта
Хаосот во Македонија се плаќа со човечки животи

2a

Институциите се целосно нефункционални, бидејќи прв и единствен интерес на Заев и неговите најблиски соработници е личното богатење. Затоа владее хаос и неизвесност, а на две недели до почетокот на учебната година стотици илјади семејства не знаат дали и како ќе се прганизира наставата.

Состојбата со коронавирусот е загрижувачка. секојдневно се бележат нови заразени и нови починати. уште позагрижувачки е однесувањето и рамнодушноста на власта за целовкупната состојба.

Нови кластери се отвораат, како што е состојбата во психијатриската болница во Демир Хисар.

Бројот на активни случаи од 3.021 граѓани заболени со корона е поразителен. Македонија во август месец е високо на рангот на држави кои имаат најголем број на заразени на сто илјади жители со дури 594 случаи, далеку пред дел од земјите од регионот.

Системот на здравството не функционира со СДСМ на власт, состојбите во болниците и начинот на кој се третираат пациентите се мизерни, граѓани кои се негативни се ставаат во самоизолација или во карантин.

ВМРО-ДПМНЕ на многу наврати посочуваше дека мерките за превенција треба да бидат во примарен фокус, за да може да се стави крај на ширењето на вирусот, но власта со недостатокот од знаење и својата неспособност дозволи вирусот да земе се поголем замав.

Филипче и СДСМ со своите политики не знаат каде тераат, а безидејноста ја гледаме од почетокот на кризата до сега.

Неспособноста за одлучување и превземање на одговорност во грижата за учениците, неизвесноста која се одолговлекува само го зголемува нетрпението кај родителите, и покажува дека Филипче и СДСМ немаат никаква идеја што да прават.

Македонија е негативен пример за регионот и Европа и на врвот на земјите кои неуспешно се справуваат со коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ

 

Историја

News image

Владетелите на Македонија

Сите познати и образувани луѓе во вековите пред Христа пишувале за македонската историја и за Македо...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ОД КИСЛЕВ – МЕСЕЦ ОД ЕВРЕЈСКИОТ КАЛЕНДАР - ДО ЗБОРОТ КРШТЕВАЊЕ (21)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, збо...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (44)

ТРОЈАНСКАТА ВОЈНА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.