Вторник, 18 Август 2020    PDF Печати Е-пошта
Новата коалиција Заев - Ахмети е за продолжување на старите навики на криминал и корупција

2aЕдинствениот и најголем именител на коалицирањето се криминалот и лагата. Ќе потсетиме дека Заев за ДУИ пред изборите рече дека 5 пари не вредат, а ДУИ за СДСМ рече дека се криминалци. 

Значи државата ќе добие влада која 5 пари не вреди и која е криминална. Што се однесува до укинувањето на Пржинската влада и премиер Албанец, самиот Пржински модел беше договорен меѓу опозицијата и власта, Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор кој беше гарант на тој модел да го укинува еднострано и да го пазари во договорот за неговата влада.

Оттука се работи за уште една нова спектакуларна лага на двајцата лидери која има за цел да се отргне вниманието на крими коалицијата која ќе ја формира владата. Оние кои 4 месеци на оглас откриваат кој ја гради дивоградбата во Мавровка која никне пред очите на целата јавност сега ќе управуваат со буџетот на сите, ќе ја злоупотребуваат и крадат иднината на сите. Ваква крими коалиција е новото цунами во државата.

Што се однесува до ветувањето за испитување на потекло на имот, тоа е предлог на ВМРО-ДПМНЕ уште пред една година. Кога тоа беше предложено од претседателот Мицкоски, Заев тогаш рече дека можело да се испитува потеклото на имот и со постојните закони.

Сега тој брза со ова решение за да тој го води процесот на испитување и да го сокрие сомнителниот и криминален имот на сопственото семејство.

Еве да ја кажеме целта на тој закон кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи во првата прилика во Собрание, тој закон треба да се носи за Зоран Заев и криминалната дружина и таквите како нив кои преку ноќ се обогатија на грбот на народот.

Оваа крими коалиција е со времен рок на траење, и за еднократна употреба.

ВМРО-ДПМНЕ

 

Историја

News image

Владетелите на Македонија

Сите познати и образувани луѓе во вековите пред Христа пишувале за македонската историја и за Македо...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ОД КИСЛЕВ – МЕСЕЦ ОД ЕВРЕЈСКИОТ КАЛЕНДАР - ДО ЗБОРОТ КРШТЕВАЊЕ (21)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, збо...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (44)

ТРОЈАНСКАТА ВОЈНА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.