Петок, 21 Август 2020    Печати
Вистинскиот ВМРО-вец знае како да добива и како да губи

118267Денес, неколку “загрижени СПАСУВАЧИ“, кои беа на високи функции во државава и во ВМРО-ДПМНЕ, се прикажаа како многу загрижени за ВМРО-ДПМНЕ. Но, всушност, целокупната нивна активност е насочена против дискредитација и јавна бламажа на високото раководство на ВМРО – ДПМНЕ и, кон сите лојални членови во Партијата.

Со самиот факт што овие “СПАСУВАЧИ“ и го свртеа грбот на ВМРО-ДПМНЕ, многу помогнаа партијата да се обедини. Нивната улога во ова сценарио што го спроведува лидерот на СДС е, демек тие ќе ја спасувале партијата, а кој тоа овие самонаречини душегрижници ги повикал да ја спасуваат партијата и од кого?

Се разбира, на прво место, според нив, тоа е од Христијан Мицкоски, кој беше легитимно избран на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово и кој има огромна поддршка од членството и од НАС ОСНОВАЧИТЕ - ВЕТЕРАНИТЕ на Партијата.

Затоа НИЕ ОСНОВАЧИТЕ - ВЕТЕРАНИТЕ на ВМРО-ДПМНЕ на овие самонаречени “СПАСУВАЧИ“ им порачуваме: Држете се подалеку од ВМРО-ДПМНЕ и од легитимно избраниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски!

Секому треба да му биде јасно за навек, ВМРО-ДПМНЕ не  е само политичка партија, туку, самото име ВМРО е иде­о­ло­ги­ја.

ВМРО е бра­­ни­кот на Македонштината, на државата, на историјата, на културата, на јазикот итн.

Така е и така ќе биде се додека векот векува и светот светува.

Вистинскиот ВМРО-вец знае како да добива и како да губи.

СЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ!

СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!

2 4

Манојил-Мане Јаковлески

Ламбе Арнаудов

Ѓорѓи Малковски