Недела, 23 Август 2020    PDF Печати Е-пошта
Рашела Мизрахи: Во очите на народот - Со очите на народот

106025688

Рашела Мизрахи: Во очите на народот - Со очите на народот

Еве речиси два месеца од комплетирањето на изборите. А во тие два месеца економијата продолжи да тоне, пандемијата се засили, апатијата и летаргијата го продолжија течението, пулсот на народот остана ист.

Додека траеше продолжението на конститутивната седница (онаа чија цел беше утврдувањето на извршната власт над законодавната, организациониот башибозук во Собранието и секако трговијата помеѓу оние кои би тргувале со сѐ) едно остана исто, јасно и гласно - СДС и овојпат има предизборна ,,програма”, која нема допирни точки со постизборната. И како да го живееме ,,До Балчак”, се чини дека вистинската парола за нив е ,,принципот е еден, а тоа е дека нема принцип”.

А јас мислам, како една од народот, дали некој воопшто го гледа собранискиот канал и што се гледа на екраните?

Дали можеби нема потреба од гледање, затоа што кафанските муабети за сите пазарења се побрзи од било кој медиум или служба?

И така размислувам, колку ли ,,Рашели” низ целава држава без разлика на верска и национална припадност имаат грутка во стомакот мислејќи дали 14.500 денари ќе стигнат сега кога изборите завршија? Дали сега повеќе за струја значи помалку за леб?

Ќе се остане ли на работа сега кога сѐ се затвора?

Како да се гради семејство во земја презадолжена во последните три години во која постизборно почнаа да пропаѓаат и банки?

Како да се надмине стравот од искажаното мислење во хибридниот РЕЖИМ, за да не залепат нешто ,,лакташите”? Што ако се разболам од КОВИД-19, само да не ме однесат по тоа распаднатите ходници на клинички, од таму жив не се излегува?

Ме удри на семафор дете во Ауди, си ќутам оти количево е на старо, а детено со таква кола којзнае чие е?

Раскопаниве улици од кампања ќе чекаат друга кампања, за да се завршат. 2020-та е, а водовод и канализација уште нема на само триесетина километри од Скопје. Настава ќе има, мерки ќе се спроведуваат и онаму каде дождот капе и во училниците, ама тоалет нема...

А ние, 120 народни избраници седиме од онаа страна на екранот и треба да ги погледнеме луѓето во очи и сега и по завршувањето на мандатот. За тоа треба да се има и образ и доблест.

И ништо друго не е и важно освен: Народот!!!

Во очите на народот - Со очите на народот!

Само вистинска и искрена борба за народот!

Македонија Вечна!!!

ИЗГРЕЈ, СОНЦЕ!!!

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Борба за воведување на македонското наречје во Солун

Тихомир Каранфилов Во четвртото продолжението на „Жестока борба со грчката пропаганда кон крајот на...

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р ВЕЛО МАРКОВСКИ, најуспешен македонски аналитичар на ковид-19, ја доби МЕМОРИЈАЛНАТА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛ

Кој е највлијателен настан во историјата на светското здравство и медицина - веќе сите на планетат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.