Вторник, 25 Август 2020    PDF Печати Е-пошта
Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел целосно се оградува од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ Петре Латиновски и Весна Дамчевска Илиевска

1butel

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел целосно се оградува од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ Петре Латиновски и Весна Дамчевска Илиевска двајцата членови на ОК Бутел.

Имено, оградувањето е посочено кон овие луѓе бидејки беа дел од неодамнешната иницијатива за свикување на вондреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ со цел промена на раководството на партијата.

Сите сме свесни дека оваа неодамнешна иницијатива е под диретна насока на луѓе кои го уништија имиџот на ВМРО-ДПМНЕ и токму тие луѓе се вистинскиот товар на нашата партија затоа што енормно се збогатија на грбот на сите чесни членови кои макотрпно работат кога се во прашање сите изборни кампањи.

Секако дека Петре Латиновски и Весна Дамчевска Илиевска не изостануваат од гореспоменатите штетници за партијата. И двајцата имаат неворајтно негативен углед кај граѓаните на Бутел. Оние наши членови кои за време на кампања одат на терен знаат дека овие ликови се најомразените ликови од нашите редови и заради тоа со часови се убедуваме со нашите граѓани дека ваквиот тип на кадри се веќе минато во нашата партија. Личниот интерес веќе не е приоритет на ниту еден член на ВМРО-ДПМНЕ а камоли функционер.

Исто така сакаме да посочиме дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел во изминатиот период имаше доберливи информации дека Петре Латиновски и Весна Дамчевска Илиевска сите изборни циклуси од 2017 година па навака суптилно но понекогаш и директно работеа против интересите на ВМРО-ДПМНЕ и секако Македонија.

Овие двајца луѓе се можеби функционери кои највеќе имаат добиено во минатото од партијата. Постои големо сомнение дека функциите кои ги вршеле во одреден период ги злоупотребиле па оттаму можеби сега се само уценети глави за туѓи интереси.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел покрај последната голема победа сонразлика од 1500 гласови на предвремените парламентарни избори, во следниот период уште позасилено ќе продолжи со својата работа за две суштински цели: горда и просперитетна Општина Бутел и унитарна и богата Македонија.

Ова соопштение е со подршка од сите раководни структури на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел:

-Најтесното раководство на ОК Бутел,

-Претседателите на Месните Комитети,

-Раководството ма Унијата на Жени и сите, претседателки на Месни Комитети,

-Раководството на УМС и претседателите на сите Месни Комитети,

-Унијата на ветерани и

-Ким тимовите

Со почит,

ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Борба за воведување на македонското наречје во Солун

Тихомир Каранфилов Во четвртото продолжението на „Жестока борба со грчката пропаганда кон крајот на...

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р ВЕЛО МАРКОВСКИ, најуспешен македонски аналитичар на ковид-19, ја доби МЕМОРИЈАЛНАТА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛ

Кој е највлијателен настан во историјата на светското здравство и медицина - веќе сите на планетат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.