Среда, 30 Септември 2020    PDF Печати Е-пошта
Сузана Сурловски: БУГАРИЈА ПОВТОРНО СО НЕГИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

1suze2

Сузана Сурловски: БУГАРИЈА ПОВТОРНО СО НЕГИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Претставници на македонската дијаспора од Франција, во соработка со Обединетата македонска дијаспора (ОМД), регира со писмена нота за новиот бугарски меморандум, со кој повторно се блокираат преговорите за влез на Македонија во Европската унија.

„Дами и господа министри, членови на Парламентот, сенатори, високи претставници на ЕУ,

Апелираме за ваше почитување на човековите права, за да не дозволите една земја-членка на Европската унија да презира и понижува земја која се стреми кон членство. Франција е блиско поврзана со македонската култура и нејзина должност е да се присети во своите архивни фондови кои ги поседува во От Савоа (Haute-Savoie), поседувајќи голем број рецензии и весници кои датираат од 1920-тите години. Источниот фронт неодамна беше одбележан по повод стогодишнината од нацистичкиот угнетувач во одбраната на слободата. Тој ќе остане врежан во нашите спомени, исто како и имињата на многуте француски војници од француските колонии. Низ историјата, нашите предци служеле во армиите: Србите заедно со Французите, Бугарите и Османлиите како јаничари. Дел од Евреите биле депортирани во Централна и Источна Европа. Други сираци и лица без државјанство за време на грчката комунистичка револуција беа расфрлани низ земјите-членки на Варшавскиот пакт.

Да се остави земја-членка да каже такви невистини за земја кандидат, не е достојно за Европа. Како се гради Европската унија? Врз основа на митови? Негирањето на културата, јазикот, поезијата, театарот, името, историјата на една земја не е толерантно! Треба ли да потсетиме на извештаите на францускиот новинар Алберт Лондрес (Albert Londres) за комитите? Или дописите на доживеаната авантура на Американката Хелен Стоун (Mrs Helene Stone).

Неодамнешните историски барања, бранот на бугаризација на малцинствата кои зборуваат турски и монетизацијата на бугарското државјанство од страна на голем број Македонци нè оставаат без зборови. Како француски, европски, американски и останати државјани со македонско потекло, ја повикуваме со вашата арбитража и медијација да ставите крај на сите уцени од страна на бугарските политички елити. Ветото во пристапниот процес за различна историја не е достојно на една земја-членка на ЕУ.

Ние, европски, француски, американски и останати државјани со македонско потекло ви стоиме на располагање да се сретнеме со вас, да ви ја пренесеме оваа медијација/арбитража и да ви ги објасниме нашите мотивации и поплаки. Ве молиме господа министри, пратеници, сенатори и останати високи претставници на ЕУ, за нашата највисока почит“, се вели во реакцијата.

 

На прво место

News image

Повик до сите Канаѓани со МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО: ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИОТ КАНДИДАТ ДЕН МАСИН

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги повикува сите Канаѓани со македонско...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Од борбата за возобновување на автокефална архиепископија на Прва Јустинијана Охрид

„Улогата на идејата за Охридската архиепископија во црковната борба не било едноставно само лирско и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.