Вторник, 29 Септември 2020    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Да се биде најнапаѓаниот политичар од овие мафијаши на власта мене ми дава мотив да истраам во борбата против нив

1Mickoski 29.093Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во телевизија Телма истакна дека единствена причина поради која тој е мета на секојдневни напади е тоа што тој е последната брана во Македонија за сите оние кои се длабоко навлезени во криминал и корупција. Тој посочи дека тоа што е најнапаѓаниот политичар од мафијата на власта само дополнително го мотивира да истрае во борбата за правда.

„Јас Христијан, јас како човек сум последната брана во оваа држава на сите оние кои се длабоко навлезени во криминал и корупција, политичари и друг тип на елити. И од сите страни сум напаѓан и понатаму ќе бидам напаѓан. Тука ги подразбирам оние мафијаши за кои што говорам од почетокот на емисијата. Оние кои што ја урнаа државата, оние кои што ја опљачкаа Еуростандард банка, оние кои што ја задолжија државата. Да се биде најнапаѓаниот политичар од страна на овие мафијаши само ми е дополнителен мотив да се борам против оваа неправда што се случува во државата. Секојдневно тоа ме мотивира и ме прави поодлучен во таа борба, никогаш нема да се повлечам додека овие мафијаши не ја добијат правдата која треба да ја добијат“, вели Мицкоски.
Мицкоски во текот на интервјуто посочи дека во моментов клучно е да се разговара за состојбата во државата која е алармантна, наместо да се губи време за внатрепартиски теми.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Повик до сите Канаѓани со МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО: ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИОТ КАНДИДАТ ДЕН МАСИН

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги повикува сите Канаѓани со македонско...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Од борбата за возобновување на автокефална архиепископија на Прва Јустинијана Охрид

„Улогата на идејата за Охридската архиепископија во црковната борба не било едноставно само лирско и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.