Четврток, 01 Октомври 2020    Печати
Проф. д-р ВЕЛО МАРКОВСКИ, добитник на награда за проучување на ковид-19

2velo

Проф. д-р ВЕЛО МАРКОВСКИ, добитник на награда за проучување на ковид-19 

Р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ 2020“

 1velo

(на фотографијата: Проф. д-р Вело Марковски, со ЕМАРИ директорот, Др Елена Јовева и претседателот, проф. д-р Марија Емилија Кукубајска)

Во оваа година на офанзива на пандемијата ковид-19 и справувањето со неа, хуманитарната меморијална награда за успех во медицината и здравството „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“, упатуваше на неминовен избор од Факултетот за медицински науки на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, и на професорот инфектолог д-р Вело Марковски. Во толкување на вирусот се јавуваа и други стручни имиња меѓу научните и широките кругови, но проф. Марковски се истакна како најпочитуван и најмасовно баран извор на помалку познати а значајни информации за овој невидлив а сеприсутен непријател. На неговите импресивни и корисни познавања за сложената, агресивна и најмасовна инфективна болест за човековата цивилизација, им се восхитуваа десетици милиони гледачи, читатели и следбеници на социјалните мрежи.

Професорот Марковски значи стручна подршка и информираност - и за здравствените работници и за жртвите на пандемијата, а жртвите најмасовно потекнуваат од народот, се од фамилии кои ги губат саканите, остануваат со оштетено здравје, без вработување, без некогашната поставеност во организиран живот и образование на нивните деца, или во грижата за остарените родители.                

Тој несебично се залага, ја подржува (во real time) надежта меѓу народот дека ќе се најде и лек и вакцина ако се поставуваме информирано, рационално и решително кон болеста како непријател кој напаѓа без фронтови, преку сите граници. Негови колеги професори, негови студенти и други кои го следат по медиумите, отворено изразуваат благодарност за неговата позитивна и концизна поставеност во хаосот на пандемијата. Кралицата Елизабета II, во говор од 5-ти април, и’ се обрати на својата нација во ковид пандемија и кажа „Само-дисциплината, смирената природа и сочувството кон блискиот сеуште ја карактеризираат оваа земја... тие не се дел од нашето минато, туку ја дефинираат и нашата сегашност и нашата иднина“. Тие национални вредности опстојуваат и кај друг дел од човештвото, а се зачувани и во духот и на македонскиот народ.

Со борбата за здравје, за поздрава околина, поздрави човечни односи, поголема верба во похумана иднина, се совпаѓа и мисијата на граѓанското здружение, ЕМАРИ. Неговиот акроним ги следи и спроведува идеите за едукација и емпирија засновани на морални вредности, преку академски и индивидуални надградувања и преку истражувања на историјата, зашто се’ има своја историја. И  пандемијата има историја на болеста како војна, како и историја на војната како болест.

Наградата „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ е мал дел од благодарноста за еден голем чекор на храброст и хуманост на професор д-р Марковски. Тој едуцира, и верува во науката, но и проверува нејзини заблуди и можни грешки. Во време на лажни вести и дезинформации во се’, често спротивставените тврдења за ковид пандемијата низ светот на медицинските и фармаколошките науки, професорот Марковски ги смета за посилен предизвик во истражување на егзактни и јасно убедливи наоди, за мотивација кон сечиј поодговорен и посоодветен однос во следење и справување со оваа брутална болест.

Пожелувам ова признание за проф. д-р Вело Марковски, да пренесе многустрана благодарност од милионите загрижени, моја лична благодарност, а верувам - и благодарност од мојата љубена ќерка Емилија Кукубајска (1979-2006), некогаш една од неуморните, доблесни борци за здравје и љубов кон човештвото. Со Емилија, младата македонско-американска писателка, заедно ја основавме невладината организација ЕМАРИ, во Вашингтон, 2004 година, за да промовираме здравје и здрави односи меѓу луѓето, здрава култура на живеењето и да подржуваме истражувања на лекови против трагичните болести. 

Епилог:

Ако на почетокот од youtub снимката https://www.youtube.com/watch?v=MkDeNRkpYIo  хорот на академската химна Gaudeamus Igitur пееше од пандемски поделени квадрати, на крај пожелувам поделеноста и виртуелноста да не бидат начин на споделување на животот, творештвото, природата и културата на општење, општествено и лично. Не сакам да верувам дека човештвото ќе дозволи да биде завладеано од виртуелен живот во анти-човечна матрица, но видеото е и виртуелно соопштение за признанието кои има и реално значење, духовно и материјално, научно и добротворно.

Доделувањето на наградата се одржа и со физичко присуство, на 1.10. 2020, во 13:00 ч. во црквата св. Богородица, Ново Село Штип, од каде потекнува и револуционерната фамилија Кукубајски, а црквата е поврзана и со родното Папрадиште на проф. Марковски, преку фамилијата Папрадишки кои во 19 век учествувале во градбата и иконописот на црквата.

„Оваа награда изразува и благодарност и почит кон научникот, лекар, професор, родител и син на македонскиот народ, проф. д-р Вело Марковски, за неговите сестрани интернационални истражувања, и за неговата хумана грижа за здравјето и животите на луѓето во време на овој сеуште недоволно познат вирус“, кажа проф. Кукубајска при доделување на наградата.

 

Марија Емилија Кукубајска